Ахмети со контроверзна изјава: Македонската нација настанала во 1944

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Албанскиот Медиум ,,Syri.Net” каде што вечерва гостуваше,зборувајќи за актуелната тема во однос на спорот со Република Бугарија меѓу другото рече дека Македонија официјално и институционално постои од 1944-45 кога се признава како ,,Федеративна Република Македонија” во рамките на Југославија.

„Во 1944-45 година Македонија се признава како федерална република, значи само Македонија, другите републики не беа именувани како федерални, додека пак Република Македонија е именувана како Република Федерална Македонија, и тука е и институцијализацијата на македонската нација, се признава македонската нација од тогашна Југославија. Се признава и од меѓународната заедница, бидејќи до 44 година имаше напори за самостојна, автономна македонија и имаше заеднички востанија албанско-македонски, не беа кој знае колку масовни но заеднички востанија или движења имаше уште од 1903.”, вели меѓу другото Ахмети во интервјуто.

Со овој став Ахмети оди контра македонските историчари и наука но дури и контра бугарските политичари кои тврдат дека Македонците се официјално признати со документ на Коминтерната од 1933 година.

Ова изјава на Ахмети доаѓа во многу деликатни и тензични моменти кога се бројат последните часови до одлуката дали ке добиеме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This