Ацо Крстески: Македонија не вика, да го дадеме својот глас за спас на Македонија, за Обнова на Македонија и за подобар живот во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ова време невреме, кога врз Македонија се врши огромен притисок од надвор, но и од внатре, да се само укине и да ја нема, да не постои Македонската нација и јазик, Македонецот е внесен, сакал или не, во последната битkа на војнaта со која ќе се одлучува самиот опстанокот на Република Македонија!

Преку медиумите, кои се ставени под полна пареа на гориво пласирано од надворешни извори и силните рекламни притисоци на разни групации формирани од надвор со една единствена цел; уништување на Македонија, Македонецот е збунет и се прашува која страна да одбере, која страна може да ја спаси Македонија, за која партија, односно Организација да се одлучи да гласа на претстојните избори на 15-ти Јули оваа година?

Многу е јасно дека Македонецот по својата национална определеност, ќе гласа за Македонска партија, има и исклучоци, но за која партија, која е способна да ја спаси со своите активности и определеност, Македонија?

Видовме, за жал што направи СДСМ, на чело со гробарот Зоран Заев, само за време од три и половина години, ја доведе Македонија до потполн колпас, уништувајќи се што е свето за Македонецот! Потпишувајќи договор со Бугарија и Грчка, менувајќи го името на Република Македонија, СДСМ го доведе во големо прашање опстанокот на Македонската Нацијата, историја, култура, уставотворноста и многу други атрибути кои се составен дел на унитарноста на нашата Држава. Ако дозволиме уште еден мандат на СДСМ да владее во Македонија, тогаш на крајот од тој период Македонецот нема веќе да биде Македонец, нема да смее да зборува Македонски јазик, нема да смее да пее и тагува на Македонски, ќе биде безимена маса на луѓе кои нема да знаат кои се!

Додека пак исконската поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со традициите на Македонскиот Народ и со неговата желба за самостојна, суверена и демократска Македонија, ја става во положба на сосема свесно историска одговорност за опстанокот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги уважува потребите на другите етнички заедници и се залага за постојано унапредување на меѓуетничката хармонија и го почитува демократското достоинство на човекот и неговите слободи и права. Оваа партија создава активен стручен и научен потенцијал за излез на Македонија на економската криза, која ја создаде намерно СДСМ. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е изграден на непоколебливост во справување со корупцијата и криминалот кој е во голем подем во ова време во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е свесна за значењето на образованието и науката и верува дека треба да се даде силен поттик за понатамошната едукација, особено на младите во Македонија, како тие не би ја напуштале татковината.
ВМРО-ДПМНЕ ја негува врската со Македонските иселеници, бидејќи тие се мостот кој обединува и сплотува. Задграничните Комитети ја имаат целосната поддршка во остварување на целите на заедништво, единство и претставување на Македонските интереси. Обврската на партијата е да остане блиска до Македонците кои живеат надвор од македонските граници, тие да го негуваат македонскиот јазик, македонската култура и традиција и најважното сплотеноста.

Ве повикувам, сите Македонци, без обзир на вероисповест, било каде и да сте, дали во Македонија или надвор од неа, сите да одиме на гласање и да го дадеме својот глас за спас на Македонија, за Обнова на Македонија и за подобар живот во Македонија, да го дадеме својот глас за ВМРО-ДПМНЕ!

Да е вечна Македонија!

Ацо Крстески

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This