АЧКОВСКА: Против кого пукнала првата пушка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славењето на првиот изблик на востаничката крв на Македонците на денешен ден пред 77 години, кога цела Европа беше под Хитлеровата чизма, е не само историски ден за современата македонска држава, но има и поинаква симболика. Историјата на удар на политиката, пишува Република.

-Во Струмица имаше спомен плоча на која пишуваше: Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум. Тоа е избиршано, и е напишано од „фашистички куршум“. На пример уште многу години пред да биде договорот и тоа во Струмица, додека бев јас градоначалник, изјави Зоран Заев, за бугарска телевизија на 17 ноември 2017.

Ако бришењето е започнато, што одбележува Македонија денеска?

-11 октомври има двојно значење, прво за сенародната македонска борба против фашистичкиот окупатор, и второ успешноста на борбата која заврши со формирање надемократска федерална Македонија на 2 август во 1944 година, вели за Алфа историчарката Виолета Ачковска.

Македонската битка против фашизмот е впишана во европската историја, со сите земји кои во еден момент биле под директивата на Хитлер. Тоа не може да се избрише, исто како што не можат да се избришат оние кои не сакале да бидат во фашистичките редови.

-Политиката е минлива работа, историјата се факти, таа останува. Исто како што е неменлив и духот на македонскиот народ, кој и на тој 11 октомври, а и денес, покажува дека сака слободна и самостојна Македонска држава, додава Ачковска.

Споменикот за кој зборува премиерот е на народниот херој Благој Јанков – Мучето, кој на 14 јули 1944 година е предаден од домашни предавници, а потоа убиен од бугарската фашистичка полиција во центарот на Струмица. Откако Заев индиректно призна дека под негова директива е оштетен односно буквално иструган од спомен плочата зборот „бугарски“ – во описот на куршумот што го убил Мучето, Алфа побара ла одговор од јавното обвинителство дали е поведена постапка. Помина речиси една година, но одговор нема

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This