April 24, 2024, 11:28 am

АЈВАР, ЛУТЕНИЦА, ПИНЏУР: Oвој готвач ќе ви објасни која е разликата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бидејќи сме во сезона кога се подготвуваат зимници, ова видео ќе покаже која е разликата меѓу специјалитети како ајвар, лутеница и пинџур и готвач ќе демонстрира како се подготвуваат.

Се работи за оргинални рецепти.

Во продолжение ви претставуваме рецепти кои веруваме дека ќе ги пробате во подготовката на овогодинешната зимница:

Ајварот е една од најголемите опсесии на македонското домаќинство. Да се направи добар ајвар, кој предизвикува и мами, и пред се ајвар на кој ќе завидуваат соседите, е вистински предизвик. Но, не само тоа, правењето ајвар е и вистинско задоволство. Денот, кога во една куќа се прави ајвар, е празник. Едноставно не постои процес кој на полесен начин може да ги обедини сите членови на денешното модерно семејство. Типичната слика на овој процес изгледа вака: таткото ги пече пиперките, мајката ги регрутира децата за лупење, а бабата раскажува како во нивно време ајварот бил повкусен. За тоа време се собираат соседите, почнуваат да се изнесуваат ракии и салати и да се кажуваат маалски мајтапи. Старо и младо, машко и женско, здраво и болно, сите се солидаризираат во печењето, лупењето и мелењето на пиперот. Се разбира, најголемото задоволство предизвикува чувство што се добива при вкусувањето на готовиот ајвар.

Инаку ајварот има долга традиција на овие простори. Постојат верувања дека ајварот е еден од најстарите балкански специјалитети и според легендата, тој претставувал редовна закуска на големите умови како Платон и Аристотел. Пред повеќе од десетина години, припадниците на некоја странска мисија, зачудени од фамата која владее околу овој феномен, направија детално испитување во врска со хранливост и корисноста на ајварот. Иако резултатите беа во најмала рака негативни, тоа не успеа на ајварот да му го одземе епитетот “најзимница” и тој и натаму масовно се конзумира во секое домаќинство.

Потребни состојки:
10 килограми црвени пиперки
3 големи патлиџани
500 милилитри масло
1 голема лажица шеќер
Сол (по вкус)

Начин на подготовка:
Испечете ги пиперките, па потоа излупете им ја кората и исчистете ги семките. Оставете ги да се оладат, а потоа ставете ги на цедило околу час, два со цел убаво да се исцедат. Во меѓувреме испечете ги и патлиџаните, па излупете ги и нив и исцедете ги. Откако ќе завршите со сè до тука, ставете ги пиперките и патлиџаните во апарат за мелење месо и добиената смеса ставете ја во голем лонец. Почнете полека да варите.

Смесата мешајте ја што повеќе, а за време на варењето постепено додавајте масло, по 100 милилитри на секои 20 минути. Имајте на ум дека маслото не смее да избие на површината. На околу 20-тина минути пред крајот од варењето, додајте ја и солта и шеќерот. Доколку сакате да знаете дали ајварот е готов, поминете со лажица по дното – ако таа остава зад себе трага во која можете да го видите самото дно, готов е. Подгответе ги теглите така што ќе ги ставите во печка на 50 степени, а потоа тргнете го ајварот од оган и почнете да ги полните.

Откако ќе ги наполните, на врвот од секоја тегла додајте малку масло и добро затворете ги со капак. Држете ги сите на едно место, прекриени со фолија или крпи. Откако ќе помине еден ден, однесете ги на ладно и мрачно место.

Најлесен и највкусен рецепт за пинџур

Македонија е земја која е позната по своите вкусни зимници, а на врвот на оваа листа се наоѓаат секако ајварот и пинџурот.

Ако оваа есен решите да ги засукате ракавите и да подготвите некоја од овие традиционални зимници, во продолжение ви нудиме рецепт за вкусен пинџур, кој можете да го направете и во вашиот дом.

СОСТОЈКИ:

– 300 гр. пиперки

– 300 гр. домати

– 1 лимон (сок)

– бибер, сол и масло

– лук

ПОДГОТОВКА:

Се печат пиперките и доматите.
Се попаруваат и се ставаат во кеси кратко, потоа се лупат.
Се сече ситно зеленчукот или се сомелува во машина.
Се става лук по вкус, сол и бибер и масло колку што ќе впие.

Уживајте.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This