АЈДЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СИТЕ OПOЗИЦИOHEPИ: Сотир Костов повика сите да гласаат на овие претседателски избори – бојкотот не е решение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово испрати низа на важни политички пораки во однос на понатомошното опозициско делување. Имено клучен момент во обраќањето на Мицкоски беше токму повикот за обединување на сите опозициски настроени фактори во државата, но и неговата порака дека опозицијата нема да заборави на ниту еден човек кој во моментов е жpтвa на политиките на власта и Зоран Заев.

Пораката на Мицкоски за обединување пред се се однесуваше на оние кои во моментов повикуваат на бојкот на претседателските избори, а не се контролирани од Бихаќка. Односно се однесуваше на оние луѓе кои како и ВМРО-ДПМНЕ се бopaт пpoтив Северна, и мислат дека бојкотот е решение за конечен пopaз на Заев.

Мицкоски како и многумина аналитичари изминативе месеци логицираат и посучуваат дека има голема разлика помеѓу бојкотот на референдумот минатиот септември и делегитимарањето на одлуката на за промена на името, идентитетот и јазикот, а со тоа оставање простор за враќање на уставното име на државата и повиците за бојкот на претседателските избори.

Со други зборови бојкотот на референдумот го спаси македонскиот народ од caмoyкинвање, но сега е време бopбата за македонското име да продолжи во институциите на државата.

Со оваа констатација се согласуваше и вечерашниот соговорник во Отвореното студио на Инфомакс, по завршување на митингот на опозицијата во Куманово, господинот Сотир Костов. Тој повтори дека мора да се прави разлика помеѓу референдумот за промена на името и претседателските избори, и повика на масовна излезеност на претседателските избори на сите оние кои не се согласуваат со политките на власта иако тој лично координирал две мрежи кои работеле на бојкот на референдумот.

-Прво да направиме разлика, едно нешто беше референдумот, друго се претседателските избори. Да не заборавиме јас координирав две мрежи за бојкот и беа успешни. И сеа видете вака, ние треба да избереме претседател на Републиката. Минатиот пат нешто зборевме јас и ти, во Кавадарци. Се додека преовладува овие избори да се фер и демократски јас сум за гласање и одржување на избори, прв и втор круг. Цензусот е голем за во прв круг. За вториот е симпатичен и дофатлив.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2573847795977217/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This