АЈДЕ МАЛКУ СЕГА НИЕ ДА СЕ ЗАКАНИМЕ: Ако ЕУ продолжи да притиска влада на Заев, Македонија ќе го пушти мигрантското цунами!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој потег од Скопје би бил потполно легален бидејќи Иванов нема обврска пред Туск, туку пред граѓаните на Македонија, изјавил за Спутник Миленко Неделковски

migranti

Македонија можеби најде политички капитал кој би ги спречил европските притисоци поради внатрешната криза. Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск се состана денес, по трет пат во рок од две години, со претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Разговорот траеше околу половина час, а темите биле криза во МАкедонија, и она што за Туск било многу поважно – мигрантската криза, која поради најавите на Турција дека ќе ги пушти мигрантите кон ЕУ би можело да биде проблем.

Дилемата дали Туск доаѓа со нови притисоци на Иванов за мандат за состав на нова Македонска влада со цел предавање на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев брзо е разрешена. Имено, Иванов на претседателот на Советот на Европа Доналд Туск му пренесе дека неговиот став по тој однос е непроменет. Тој по разговорот со Туск рече дека смета дека политичките лидери треба да се бават со спроведување реформи, а не албанска платформа.

„Знам кои се моите уставни обврски како претседател и знам што е пракса во Македонија до 1992. кога станува збор доделување на мандат. Мојот ста е многу јасен и останува непроменет“, рече Иванов.

Туск изјави дека на Македонија и е потребно единство и нагласи дека политичката криза ја кочи земјата на патот кон ЕУ.

„Сеуште можете да најдете решение кое се заснова на демократските пристојности и здравиот разум. Само такво решение може да биде одржливо. Кога ќе најдете такво решение, можете да сметате на нашата поддршка“, рече Туск.

Иванов изјави дека владата која би ја формирал Заев би била уценета и во спротивност со Охридскиот договор, што би овозможило манипулација на граѓаните и би ги охрабрило меѓуетничките судири.

Претседателот на Македонија рече дека со Туск разговарал за мигрантската криза, но не изнесе повеќе детали за таа тема.

Соговорникот на Спутник Миленко Неделковски вели дека, со обзир на загриженоста на ЕУ поради најавата на Турција во врска со мигрантите, Македонија добива „политички капитал“ со кој може да „тргува“ со ЕУ.

„Туск има две точки на дневниот ред – кризата во Македонија и мигрантите. Оваа втората е нешто што многу повеќе го загрижува, бидејќи е најавено мигрантско цунами за некој ден од Турција. Стратегијата на Македонија е исто така, доколку ЕУ и понатаму стои на ставот да го поддржува Заев и тиранската платформа со која ја расцепуваат државата, во тој случај ќе го пушти мигрантскиот бран кон Косово и Црна Гора“, вели Неделковски за Спутник.

Тој додава дека ваков потег од Скопје би бил потполно легален бидејќи Иванов нема обврска кон Туск, туку пред граѓаните на Македонија.

„Како и останатите политичари, народот не го бирал за да му се допадне на некој од ЕУ, туку народот го избрал за да ги брани интересите на нашата држава. Политичкиот капитал има право секој да го користи, па така и ние. Ние сме мала држава која нема море, пловни реки или нафта, но сме пат кој ствара проблеми за ЕУ. Тоа значи дека ние нема едноставно да го застанеме тоа мигрантско цунами“, тврди Неделковски за Сптуник.

Бранкица Ристиќ
Спутник

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This