„АЈДЕ МРШ, СЕГА НЕ РАБОТИМЕ“: Скандал во УЈП – вратите затворени во сред работно време, за да се „стегнат“ повеќе казни на граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 7:30 до 16:30 канцелариите на УЈП денеска ќе бидат отворени за граѓаните кои не се регистрирале во системот, информираа од Управата за јавни приходи.

Но денес, голем број на граѓани наидоа на затворена врата. Иако беше најавено сосема друго работно време, службениците излегле од просториите речиси три часа пред истекот на работното време.

Повеќе граѓани ја контактираа редакцијата на КУРИР жалејќи се како од неправдата, така и од безобразниот однос на вработените.

-Имаше малку гужва и застанав да почекам ред. Вработените полека станаа и тргнаа кон вратата да си одат. Една жена викна и ги праша каде одат сите кога уште им е работно време, а тие скришум излегоа од просториите и заминаа, вели граѓанка која ја контактираше нашата редакција.

-Чуварот ни се развика зошто сме чекале последни денови. Му објаснувавме дека сме на работа и дека сега имаме време. Ни реше „Ајде сега мрш, не работиме“, ни раскажа скопјанка која чекала денес пред УЈП.

-Што сакаат, тоа си прават. Избегаа од нас, буквално, си заминаа. Ова намерно го прават за после да плаќаме казни од џеб, ни кажа еден граѓанин кој денес имал план да поднесе пријава.

Дополнително скандалозно е што од вработен на шалтер дознаваме дека иако за во понеделник беше најавено цело работно време, на вработените им било кажано пријави да примаат само еден час во денот. 31-ви јануари, инаку, е работен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Екипа на КУРИР излезе на терен. Пред канцелариите на УЈП уште чекаат граѓани во надеж дека некој ќе дојде да си ја сработи работата за која е платен од нивни џеб. Залудно. Вработените одамна си заминаа.

Одговори сакавме да побараме од УЈП, но на нивните телефонски броеви се уклучува говорна пошта која ни порача „Јавете се во работно време“.

Ова требаше да биде нивно работно време, но ниту на управата, а ниту на државата, очигледно не им е грижа за граѓаните кои освен за нивните плати, од џеб ќе треба да издвојат и сума за големи казни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This