March 29, 2024, 11:49 am

АЈДЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев, да не се плаши и да излезе на предвремени парламентарни избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со анкетата која што Телевизија Телма ја објави во соработка со М-Проспект и МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ сака да го повика СДС и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДС. Само така ќе се расчистат дилемите, односно забуните кои се створија бидејќи денес беше објавена истата оваа анкета, изработена од истите луѓе пред само еден месец која покажала сосема други резултати, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според Анкетата од крајот на месец јули, велат од партијата, резултатите од МЦМС покажале дека ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето Доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27.1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22.7 отсто.

-Народот најдобро ќе каже дали се случило нешто во последните 30 дена за така драстично да се смени мислењето, односно дали Законот за двојазичност, договорот со Бугарија, укинувањето на планираното покачување на пензиите или тендерите кои Кочо Анѓушев си ги дели на себе придонеле за зголемување на рејтингот на Зоран Заев, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This