March 29, 2024, 12:12 pm

АЈДЕ ХУМАН НАРОДЕ: Малиот херој Борјан успешно го помина првиот операционен зафат, сега семејството има потреба од нови средства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

7-годишниот Борјан Гигов од Скопје на кого му се утврдени неколку дијагнози: аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот, требаше да оди на оперативен третман со помош на матични клетки во Германија, за што беа потребни 23.000 евра.

Но, бидејќи семејството не успеа да собере толку пари, третманот во Германија пропадна. За среќа Борјан доби одлична понуда од “Liv Hospital” во Турција, каде третманот поминал во најдобар ред.

Минатиот понеделник му биле извршени сите лабораториски испитувања и се било во ред, а во вторникот Борјан влегол во операциона сала каде било извршено аплицирање на матични клетки во р’бетот и во вените.

“На 26-ти околу 2 часот го испуштија од болница со препорака за диета и еден куп витамини и лекови за него. Благодарејќи на сите хумани луѓе кај Борјан успешно се изврши третман со матични клетки од кои резултати би требало да видиме веќе за една недела, а најкасно за еден месец треба да се аплицира и втора доза, за ефектот да биде многу подобар. Еден третман кошта 9000 евра плус трошоци. Веќе е закажан термин за 25.07.”, вели таткото на Борјан, Трајче Гигов.

Вкупните средства кои му се потребни на семејството се околу 10.000 евра, па сега сите хумани граѓани се одново на потег.

Ајде заедно да му помогнеме на малиот Борјан кој е вистински мал херој!

Телефонските броеви на кои може да донирате се:

За корисниците на Телеком: 143 177

За корисниците на Оне и ВИП: 143 471

Во продолжение и трансакциска сметка од НЛБ Тутунска банка каде исто така може да донирате:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This