March 28, 2024, 12:53 pm

АЈ ДА ВИДИМЕ ШТО ВИКА ФЕРМАНОТ: Исказот на Орце Камчев во oбвинитeлcтвo ја oтkpива целата виcтинa за „Pekeт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“ -вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година.

Рекетот започнал откако Бојанов Јовановски познат како Боки 13 побарал средба со бизнисменот Орце Камчев на која Боки му нудел проект за трговски центар. Според Боки 13 се работело за некаков ,,Fashion Mall”, како што посочува Камчев проектот кој што тогаш му го достави Јовановски бил несериозен, по што тој веднаш го отфрлил.

Откако бил одбиен Јовановски се вратил со втор договор на уште еден состанок за кој што барал четири милиони евра, договорот веќе бил драфтиран и парафиран од синот на Катица Јанева, Лазе Јанев. Во договорот се барале 4 милиони евра за наводна франшиза.

-Ја сфатив дека всушност се работи за фиктивен проект, бидејќи освен договорот не ми беше презентиран никаков бизнис план, што значи целта беше да се земат пари од мене, појаснува Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Рускоска.

Камчев потенцира дека вакви планови за старечки домови им биле понудени на Силјан Мицевски од Битола и Адријан Амзовски од Струга (зет на Фијат Цановски). Наводните проекти чинеле 4 милиони евра.

Откако бил одбиен и за вториот проект, Боки Тредичи успеал да го натера Орце Камчев да му плати реклама од 180 илјади евре, иако во тој момент како што кажува Камчев во изјавата пред Рускоска, ниту тој, ниту неговите компании имале потреба од Реклама.

Но тоа не било се. Откако му ги исплатиле овие 180 илјади евра и тоа 90 илјади евра преку сметката на Систина и 90 илјади евра преку ОК Идеја, Бојан Јовановски започнала на социјалната мрежа Инстаграм да објавува заеднички фотографии со обвинителката Катица Јанева во кои потенцирал дека се спремало нешто големо. Неколку дена подоцна, Камчев бил приведен и притворен во случајот Империја.

И тука започнува голготата…

Веднаш по притворувањето, поточно во неделата на 10 ноември, во стан на тајна локација во Капиштец била повикана сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева.

-Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал.

Увертирата во земањето рекет, адвокатот Димипков ја започнал со тоа што на сопругата на Јордан Камчев почнал да и соли памет дека уште летоска му кажал на нејзиниот сопруг дека требало ,,да пушти некој денар” за да се подмачкале истрагите против него, а тој да си бил мирен. Васил Димишков, инаку брат на судијката Весна Димишкова уште во август 2018-та година се обидел да изнуди пари од Орце Камчев. Бизнисменот тоа не го сватил за сериозно тогаш, иако Димишков му предочил дека против него има распишано посебни истражни мерки. Камчев одбил било каква соработка со Димишков, бидејќи како што тврди се чувствувал невин и дека дури да имало ПИ-мерки против него, немало што да крие.

-…Васе и побарал 2,4,6 милиони евра (на Ана Камчева) во зависност од опцијата, при што и кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката Лиле Стефанова и неговата сестра, судија Весна Димишкова која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.

На прашање на обвинителот, како би отишла во пензија кога не исполнува години старост, пријавителот Камчев изјави:

– Од тие причини сумата била голема затоа што после ова на судијата Димишкова би и завршила кариерата.

Инаку Весна Димишкова е судијката која го ослободи Заев за слуачјот ,,Поткуп” во кој премиерот беше обвинет дека барал 200 илјади евра поткуп од струмички бизнисмен, додека бил градоначалник на општина Струмица.

На крајот на ноември, пред Орце Камчев да биде ослободен од ефективен притвор, а мерката да биде заменета со куќен притвор, Бојан Јовановски преку Зоки Милевски-Кичеец ја контактирал сопругата на Камчев, Ана Камчева нудејќи и опција од 500 илјади евра во замена за укинување на мерката притвор за нејзиниот сопруг.

Боки Тредичи за да покаже дека е многу сериозен, дури и ја повикал Ана Камчева во неговиот дом во селото Орман, каде таа отишла заедно со Зоран Милевски-Кичеец. Како што објаснува Камчева во исказот пред обвинител, таа таму го затекнала Боки додека ја фарба косата, а косата му ја фарбал Сергеј Варошлија.

Наспроти нив седела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ја уверила Ана дека ако дадат 500 илјади евра, мерката ефективен притвор ќе биде заменета со куќен притвор.

И така било…

Ана и Орце Камчеви, успеале во рок од неколку дена да соберат 350 илјади евра, а останатите 150 ги земале како позајмица од Кичеецот. Два дена подоцна Орце Камчев бил префрлен во куќен притвор. Откако заминал во куќен притвор, најчест гостин на семејството Камчеви бил токму Бојан Јовановски кој објаснувал што Орце би добил за 5 милиони евра, а што за 8 милиони евра.

-Осум милиони чинеше варијантата, предметот да заврши во СЈО, а доколку Врховниот суд донесе одлука дека тие не се надлежни да постапуваат по предметот, Катица предметот да го прати во редовното обвинителство, без докази, односно да бидат уништени доказите со кои наводно тие располагаат и оваа варијанта чинеше 5 милиони евра. Дека е ова така говори и фактот дека имаше поплава во подрумските простории на СЈО, каде беа уништени доказите во предметот Империја за кои сум јас меѓу обвинетите, тврди Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Вилма Рускоска.

Орце Камчев уште од првиот момент како што вели во својот исказ знаел дека пари нема да им даде, но како што вели ,,ова им го понудив, само за да можам да соберам докази дека тие од мене изнудуваат пари”.

-Бојан веднаш се јави кај Катица при што се согласија со 5 милиони евра, објаснува Камчев.

Замислете, не само што Катица Јанева и Бојан Јовановски заедно со Лиле Стефанова и Весна Димишкова ,,кркнале” пет милиони евра, смислено ги поплавиле просториите на СЈО за да уништат докази за наводен криминал, а со тоа да ја попречат правдата. Она што е можеби најинтересно е што во целиот овој период, за случајот биле запознати Радмила Шекеринска, Никола Димитров, но и шефот Зоран Заев. Во една од приликите, при расправија помеѓу Боки Тредичи и Орце Камчев, околу апоените во кои бил исплатен рекетот, Боки се обидел да ја контактира Катица Јанева, но неуспешно бидејќи таа била на пукање во Камник, а пота и на вечера со Радмила Шекеринска.

-Вечерта знам, дека кај мене дојде Бобо Јанковски, сопругот на Радмила Шекеринска со еден пријател негов да гледаме фудбал и се смеевме со Бојан бидејќи тој ми кажа дека со него на вечера ќе биде Радмила Шекеринска, со Катица Јанева. Следниот ден ми покажа фотографии од вечерата. Бојан на овој начин го злоупотребуваше познанството со политичарите за да на нас ни покаже колку е моќен, посочува Камчев.

Истото што му го правел на Орце Камчев, Боки му го правел и на Цветан Панделевски па вкупно во неколку месечниот рекетарски поход, Боки успеал да собере три милиони евра само од Орце и Цветан. Блиски соработници на Боки 13 во оваа операција биле и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски и нејзиниот сопруг вработен во УБК, Јовче Ременски кои во целиот овој период му го штителе грбот, а можеби и газот.

-Веќе споменав дека мојата сопруга Ана се виде со директорот на УБК, Горан Николовски при што истата му даде информации што ни се случува, но не целосни, на што Горан и кажа дека тој е спремен да превземе дејствије во насока на докажување на тоа што му го кажала Ана, а кога таа го прашала со кого би соработувал, затоа што знаеме како што кажав дека Бојан е близок со многу обвинители, а и со полициски службеници од МВР. Особено се фалеше со неговата близина со Јовче Ременски и Фросина Ременски, на што Горан и кажал дека ќе се договори со Вилма. Тој сакал да даде предлог до обвинителството за примена на ПИ-мерки како би можело сето ова да се документира на законит начин, вели Камчев во исказот пред обвинителката Рускоска.

Оттука произлегува дека единствена институција која што во овој случај вистински си ја вршела работата била УБК, но и обвинителството за организиран криминал, Оваа поука ја земале откако Камчев добил инструкции од неговите ,,пријатели” од Софија, сите негови контакти,средби, состаноци да ги сними и документира како би можел во иднина, кривично да ги пријави.

Таа работа со Боки да се заврше…

Откако ги подмачкал, Орце заедно со неговиот адвокат отишол во просториите на СЈО на состанок со Катица Јанева, во канцеларијата на Јанева била и обвинителката Лиле Стефанова, која по наредба на Јанева ја напуштила просторијата за да не им го слуша муабетот со нејзините жртви. На прашањето на адвокатот Антонио Апостолски, што ќе се случи со Врховен, Катица кратко одговорила ,,таа работа со Боки да се завршЕ’‘.

Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.

-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Замислете Зоран Заев ги предупредил како што вели ,,педерот” и Кичеец дека против нив има пријава и да ги прекинат сите контакти со Орце Камчев.

Не само што е вмешан, не само што им помагал и ги предупредувал, Зоран Заев и лажел дека тој, а не Орце Камчев го пријавил случајот.

Зоран Заев лажел дека не се сретнал со Зоран Кичеец.

Зоран Заев лажел дека не се среќавал со Бојан Јовановски.

И конечно Зоран Заев лаже дека не зел некое милионче од Рекетот.

Дека ова е така објаснува и споругата на Орце Камчев, Ана во нејзиниот исказ каде што се вели дека откако Заев му кажал на Кичеец дека има пријава против нив, тој и Бојан Јовановски престанале да го контактираат семејството Камчеви.

За се ова, ако сакате да ги видите документите ќе се видиме на суд и таму ќе ви ги презентирам документите.

Продолжува….

А. Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This