„АЏИБАДЕМ СИСТИНА “ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ „ШКУПИ“: Точноста на нивните тестови ја потврди и ИЈЗ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе поднесе кривична пријава против ФК „Шкупи“, кои јавно преку соопштение одбија да се тестираат за ковид-19 бидејќи се сомневале во тестовите на болницата, дознава Плусинфо.

Од „Аџибадем Систина“ остануваат на ставот дека со ваквиот потег клубот го нарушува угледот на болницата, која од минатата недела врши тестирање на фудбалерите, тренерите и помошниот персонал на македонските фудбалски клубови.

Позитивни резултати за присуство на вирусот Sars-CoV-2 двајцата фудбалери на ФК „Шкендија“ денеска добиле и од тестирањето во Институтот за јавно здравје, што е само дополнителна потврда за веродостојноста на тестовите на „Аџибадем Систина“.

очноста на резултатите е потврдена и на сите досегашни тестови за ковид-19, кои мобилниот тим на „Аџибадем Систина“ досега ги спроведе во фудбалските клубови „Работнички“ – Скопје, „Брегалница“- Штип, „Ренова“ – Тетово, „Вардар“ – Скопје и „Шкендија“ – Тетово. Денеска се тестираат играчите и тренерите на ФК „Слога“ -Виница, а резултатите ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги врши тестирањата на фудбалерите за детекција на вирусот Sars-CoV-2 по барање на Синдикатот на фудбалери, кој болницата меѓудругото ја одбрал и поради тоа што зад неа стои здравствената групација „Аџибадем“, која воедно е и официјалниот FIFA медицински центар во Истанбул.

Тестирањата се прават со цел македонските фудбалски тимови повторно да се вратат на терените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This