А КОГА ИМАЛО MOPАТОРИУМ ЗА ГРАДБА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР?: Богдановиќ наводно изненаден од одлуката на Уставниот суд за укинвање на мopaториумот за градба во општина Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставниот суд донесе одлука за укинување на мopaториумот за градба во општина Ценатар, а градоначалникот го затекна оваа одлука изненаден, барем така тврди. Но ако се погледнат извештаите од Заводот за статистика за 2018та година, повеќе од јасно се гледа дека општина Центар во континуитет издавала дозволи за градба и во време кога мopaториумот бил на сила.

Мopaториумот за градба во Oпштина Центар е времено укинат, се додека Уставен суд не донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот. Оваа одлука беше донесена на вчерашната седница на Уставниот суд, каде точка на дневен ред беше разгледување на иницијативата за уставноста и законитоста на мораториумот, поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на севернозападна Македонија.

Општина Ценар, односно градоначалникот Саша Богдановиќ е лидер по број на издавање градежни дозволи и статистички издавала најмногу градежни дозволи по месец, за разлика од некои други општини кои и не се обврзаа кон „Мopaториумот“ има месеци во кои не се издава ниту една дозвола за градба, но за општина Центар, тоа не важи.

Општина Центар е изненадена и разочарана од одлуката на Уставниот суд за укинување на мopaториумот за градба и најавува дека нема да се откаже и ќе ги искористи сите правни можности.

Како градоначалник, како Совет и како општина Центар сме изненадени, но и разочарани од одлуката што ја донесе Уставниот суд за времена мерка за укинување на т.н. мopaториум за градба во општина Центар. Неизвршувањето на плановите, односно мopaториумот беше во интерес на граѓаните и тие силно го поддржуваа и ја сфаќаме револтираноста и гнeвoт кој го имаат по објавувањето на одлуката, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This