April 20, 2024, 11:51 am

А, КОЛКУ СМРТ ЌЕ ПАДНЕШЕ ВО КОЛУМНИ НА ГЕРО И ТРИЧКОВСКИ: Нема кој да ги гушка дрвјата, откако послушниците добија десетици милиони народни пари до Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните изминативе денови беа сведоци на сечење на дрва во градскиот парк во Скопје. Во провладините медиуми ваквата вест ја немаше, а не реагираше ниту една од невладините организации таканаречени паркобрани кои во минатото жестоко реагираа на секое дрво исечено од претходната власт. Ваквото постапување, односно непостапување на некогашните гласноговорници за заштита на животната средина кои сега никаде ги нема беше причината да реагира и новинарот Миленко Неделковски.

Имено тој на својот Фејсбук профил напиша:

,, Нема веќе кој да гушка!
Или и сечачиве ќе лапнат милион од фондот за иновации?
Ало Гериз, Милчин, Орданоски… Ало студио, се слушаме? Кхм, кхм.’’

Послушноста на медиумите и молкот под однос на проблем на кој претходно бурно реагирале Неделковски го поврза со добиените пари од Фондот за Иновации кои додели огромна сума на пари од речиси 10 милиони денари на весникот ,,Слободен Печат’’ каде главен уредник е новинарот Бранко Геровски. Геровски раководи со еден од најголемите релативизатори на актуелната состојба во Македонија, весникот ,,Слободе Печат’’ чиј изданија многу веројатно ги одобруваат директно на Бихаќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This