А, ТОА ШТО И ВИЛМА РУСКОВСКА ГО ПРЕКРШИЛА ЗАКОНОТ?: Како Вилма Русковска и Пеце Мирчески неовластено користат службен „Пасат“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црн „Пасат“ со регистарска табличка СК-3541-АС речиси година дена ги сервисира личните службени, но и приватните потреби на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, а заедно со „Пасатот“ доаѓа и возач, но и обезбедување.

Вилма Русковска, шефицата на обвинителството кое треба да се занимава со борба против корупцијата и организираниот криминал, најверојатно и самата ќе се најде пред обвинител, под претпоставка дека некој во ОЈО ќе има храброст, да одговори како и со кое оправдување користи службено возило кое не му припаѓа на обвинителството каде што таа шефува.

Црниот „Пасат“ со регистарска табличка СК-3541-АС е возило во служба на Владата на Р.Македонија, поточно на Службата за општи и заеднички работи. Со оваа институција, може да соработуваат сите државни институции доколку за тоа имаат потреба, но со претходно утврдени со закон услови и потпишан договор за соработка.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ниту има потреба, ниту пак има потпишано договор за користење на услугите на СОЗР, па оттаму, Вилма Русковска но и директорот на СОЗР Пеце Мирчевски во најмала рака направиле злоупотреба на службената положба со која ја оштетиле државата за сумата на пари потрошени за гориво.

Освен ова, Пеце Мирчевски би требало да одговара и за неовластено располагање со службените возила, а за неовластено користење би требало да одговара и Вилма Русковска. Ова, повторно под претпоставка дека во Македонија владее правото, и обвинителите навистина имаат храброст и не се сервилни кон власта.

Спорниот „Пасат“ секојдневно може да се види пред зградата на Апелција каде е и сместено седиштето на Обвинителството, а истото возило се користи и кога Русковска има свои приватни ангажмани. Како на пример, кога обвинителката гостува на интервју во телевизија по работните часови.

Ако за нешто вреди, ова е предмет и за Антикорупциската комисија која би требало да ги истражи евентуалните прекршувања на законот како на Русковска, така и кај директорот на СОЗР Пеце Мирчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This