А, што треба да прави Груевски во Унгарија, да го чита Тричковски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога единствени вести во државата се брадата на премиерот, маичката Астон Мартин и во која теретана вежбаат политичарите, веројатно најинтересна и најсериозна е онаа за фирмата на Никола Груевски.

Живееме во држава во која ништо не се случува сериозно. Како во едно помало село.

Па така главна тема се секојдневни работи од кои се прави сензационална вест. Еве веќе една недела главна вест е дека Заев пуштил брада. Нема што друго да се зборува па тема е брадта на Заев. Да отвореше своја фабрика Самсунг во Македонија или да влезеа Гугл и Фејсбук веројатно тоа ќе беше тема. Да почневме преговори со ЕУ тоа ќе беше тема. Но тоа не се случува па се занимаваме со се и сешто.

Денес сензационална објава е дека Груевски регистрирал фирма на негово име. Порано тема беа фотографии од типот “Груевски оди”, “Груевски јаде” или “Груевски гледа во излог”.

Од она што се објави Никола Груевски регистрирал фирма со различни и широк дијапазон на дејности како што илјадници луѓе прават кога регистрираат фирма. За главна дејност ја навел давање консултантски услуги. И?

Три години повеќето медиуми пишуваат од што живее Груевски, дали нешто работи и сл. Сега кога регистрирал фирма, треба да бидеме зачудени зошто отворил фирма.

Што треба да прави поранешен премиер години после функцијата, уште и под прогон и азил во друга земја? Да го чита Тричковски?

Кога ќе се регистрира фирма, во секоја земја податоците на Централнот регистар се јавни. Особено во ЕУ.

Груевски сигурно го знаел тоа и очигледно не му било никаква пречка да регистрира фирма на негово име, без да се крие. Секој човек може да регистрира фирма во Македонија, Унгарија, Зимбабве, Боцвана, САД и насекаде низ светот.

Во Европа и во Македонија фирма се регистрира за неколку часа и без или со симболичен износ на капитал. Стотици илјади фирми има во секоја држава. Дали и како тие работат е друга работа. Некои се помалку некои повеќе успешни, некои брзо пропаѓаат.

Груевски веќе пет и пол години не е премиер, а околу три години е комплетно надвор од политиката. Нормално е нешто да работи или да се обиде да работи.

Најинтересно е што некои медиуми регистрацијата на фирмата на Груевски ја преставуваат како сензационално откритие на нешто што тој воопшто не се обидел да го сокрие.

За жал наместо вестите да се за некои нови прогресивни реформи и за зголемени пензии, плати, животен стандард, нови фабрики и инвестиции, наместо вест да се решени проблеми на граѓаните, провладините медиуми се обидуваат таквите празнини да ги пополнат со секојдневните за сегашните и поранешните политичари, од типот кој пуштил брада и кој регистрирал фирма. Утре можеби главна тема ќе биде што ручел некој политичар итн.

Но она што е најинтересно е фактот што про-владините ПР-џии се чини не разбираат дека објавувањето на текстови во кои главна ѕвезда е Никола Груевски е само пораз за нив самите. Замислете, три години по заминувањето на Груевски од политичката сцена, неговото а не името на актуелниот премиер да е најзвучно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This