Аpифи ja злoyпoтpeбyвa oпштинcкaтa aдминиcтpaциja, oбвинyвa Aлиjaнca зa Aлбaнцитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го осудува случајот со злоупотреба на власта и кршењето на “Договорот за фер и демократски избори“ од страна на Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

Во текот на вчерашниот ден, Госпоѓа Теута Арифи под влијание на притисокот што го вршеше кон вработените во општинската администрација, ги изнела вработените да учествуваат во кампањата и тие беа употребени за изборни цели.

Ја информираме Госпоѓа Арифи дека злоупотреба на службената функција, злоупотреба на надлежностите дадени од општината и злоупотреба на општинските ресурси се забранети и за ова кривично ќе одговарате.
Вашите неуспеси се очигледни и за тоа Вие ќе ја добиете “заслужената казна од народот“.

Вие не можете да ги користите административните службеници на општината за да ја водите вашата кампања! Вие коишто веќе сте напуштени од граѓаните поради вашето неработење и вашата неспособност, поради корупцијата и криминалот, Вие нема да најдете засолниште во злоупотребата на вработените во администрацијата. Ние од коалицијата “Алијанса за Албанците и Алтернатива“ ве предупредуваме и апелираме да ги тргнете валканите раце од аминистрацијата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This