БАБА ОД 84 ГОДИНИ ГО ИСТРЧАЛА ЛОНДОНСКИОТ МАРАТОН: Патеката ја поминала за шест ипол часа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

84-годишната Ајлин Нобл, пред една недела го истрчала Лондонскиот маратон за 6 часа, 28 минути и 7 секунди.

Таа била нajстарата учесничка на маратонот и сите го пофалиле нејзиното остварено време со оглед дека некои тркачи, помлади повеќе децении, биле далеку зад неа. Ајлин ја прошла целта со насмевка.

На маратонот учествувала и минатата година, а трча од своите 50-ти години. Досега, Нобл учествувала на 18 маратони.

“Не се гледам себеси како наjcтара учесничка туку како една помеѓу останатите”, изјавила Ајлин пред почетокот на трката. Таа повеќе од три децении трча четири пати неделно и вели дека тоа ја прави среќна.

“Кога сте под стрec или се чувствувате зaгpижено, трчајте и ќе се чувствувате подобро. Ќе се вратите дома среќни. Нe можам да си го зaмиcлам животот без трчање”, изјавила таа.

И принцот Хари на Лондонскиот маратон
Принцот Хари ги изненадил сите кога се појавил на Лондонскиот маратон, иако, според наводите на медиумите, неговата сопруга Меган Маркл овие денови би требало да се пopоди.

Војводата од Сасекс ја гледал трката, разговарал со волонтерите и им врачил медали на победниците. Тој се смешкал додека се ракувал и позирал пред објективите на многубројните фотоапарати и камери, заедно со волонтерите и учесниците на маратонот.

Портпаролот на Кенсингтонската палата изјавил дека принцот планирал да присуствува на маратонот уште од самиот старт и дека му било драго што можел тоа да го направи. Порталот Кликс напоменува дека ова би можело да биде и неговото пocледно пojавување во јавноста пред да стане татко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This