БАБА ПРОБУВА ДА ЗБОРУВА СО ГУГЛ: Вистинска интернет сензација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мери Ектис, италијанска баба која со своето семејство живее на Флорида, за Божиќ од девојката на својот внук добила “Google Home Mini”, паметен звучник кој се активира со помош на глас.

Видео-снимката на која оваа баба за прв пат пробува да го користи овој уред е вистинска интернет сензација.

Симпатичната баба го допира уредот и вика по него, пробувајќи да ги совлада основните команди како што се “Ok Google” или “Hey Google”. Наместо тоа, бабата му се обраќа со “Ok Goo Goo” и “Hey Goo Goo”, што е веројатно најсимпатичната работа која ќе ја видите денеска.

Нејзиниот сопруг за тоа време седи прилично неимпресионирано на страна.

Кога Мери ќе успее да го натера уредот да ѝ ја каже временската прогноза, таа целосно ќе се избезуми. “Се плашам, се плашам, ова е мистерија”, вели бабата.

Погледнете го видеото:


 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This