БАЕРН ГО ОТПУШТИ НИКО КОВАЧ: После срамниот пораз од 5:1 од Ајнтрахт Франкфурт, Баерн ќе си бара нов тренер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СПОРТБаерн го отпуштија Нико Ковач!Објавено пред 41 минута – 3 ноември, 2019Од TopSport.mk

Баерн Минхен ќе бара нов тренер, откако баварскиот гигант реши да се раздели со хрватскиот тренер Нико Ковач по срамниот 5:1 пораз од Ајнтрахт Франкфурт во саботата.

 

 

 

Ковач пристигна на „Алијанц арената“ токму од Ајнтрахт минатото лето, и минатата сезона им донесе двојна титула во Германија, но проблематичниот старт на сезоната, по кој тие се само на третото место во Бундеслигата, заедно со вестите дека постои конфликт со играчите, беа доволно тимот да се раздели со него.

 

Отказот доаѓа во неделата по состанокот на Ковач со претседателот Ули Хенес, извршниот директор Карл-Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

 

„Перформансите на тимот во последните недели не примораа на акција. Имавме отворен разговор со Нико и заеднички се договоривме тој веќе да не е тренер на Баерн. Би сакале да му заблагодариме на соработката“, изјави Румениге.

 

Негова привремена замена ќе биде помошникот тренер Ханс Флик за дуелите со Олимпијакос во Лигата на шампионите и за големото дерби со Борусија Дортмунд во сабота.

 

„Мислам дека ова е вистинската одлука за тимот. Начинот на кој игравме го покажа тоа. Јас и мојот брат Роберт се заблагодаруваме на Баерн за последната година и пол, во кои ја освоивме Бундеслигата, ДФБ купот и Суперкупот“, изјави Ковач.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This