БАЕРН МИНХЕН ГО ЗАСИЛУВА НАПАДОТ: Сјајниот напаѓач пристигнува во Минхен за 40 милиони евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот човек на РБ Лајпциг, Оливер Минцлаф, неодамна потврди во интервју за Скај дека Тимо Вернер скоро сигурно нема да потпише нов договор со клубот од Лајпциг, а денес  реномираниот Билд објави дека Вернер се договорил со Баерн Минхен.

Агентот за играчот, Карл-Хајнц Ферстер потврдил за Билд дека германскиот напаѓач се договорил со Баерн, а сега преостанува Нико Ковач да ја договори сумта за надомест за која Билд тврди дека изнесува околу 40 милиони евра.

Баерн е познат по тоа што „ги украде“ играчите од ривалите во Бундеслигата, а се чини дека Вернер се согласил да биде втора опција во Минхен по Роберт Левандовски само за да игра за клубот од срцето на Баварија.

Вернер постигна 14 гола оваа сезона во лигата и додаде 5 асистенции, па сосема е јасно зошто Баварците одлучија да го донесат. Покрај тоа, во последните неколку репрезентативни циклуси се стабилизираше како главна опција во нападот на германската репрезентација, што е пожелна опција за играчите на Баерн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This