Бакарот станува „нова нафта“, огромен скок на цената на црвениот метал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемената побарувачка и дефицитот на понудата може да доведе до глобален недостиг на бакар, што ќе предизвика скок на цената на 20.000 долари по тон за највеќе четири години.

Залихите на бакар мерени во тони се во моментов на ниво забележано пред 15 години и доволни се за покривање на само три недели побарувачка, наведува Мајкл Видмер, стратег за трговски пазари во втората најголема американска банка – Банк оф Америка, во анализата која ја пренесе Си-Ен-Ен.

„Во врска со тоа, предвидуваме дефицит на пазарот на бакар и понатамошен пад на залихата оваа и наредната година“, вели аналитичарот.

Растот на волатилноста на цената како резултат на падот на залихата не е без преседан, истакнува Видмер, наведувајќи дека недостигот прв пат се појави во складиштата на Лондонската берза на метали во текот на 2006/07. година и предизвика скок на цената на никелот за повеќе од 300%.

БоФА (Банк оф Америка) проценува дека бакарот ќе скокне на 13.000 долари за тон во наредните години, откако минатата недела постигна 10.000 долари, прв пат по речиси 10 години.

„Ако нашите очекувања за зголемена понуда на овој материјал на секундарниот, нетранспарентен пазар не се остварат, залихите можат да бидат потрошено во наредните три години, што би довело до уште пожесток скок на цената на ‘црвениот метал’ на преку 20.000 долари по тон“, заклучува Видмер.

Високата цена на бакарот додатно се поткрепува со послабиот долар и се поголемата промена на економијата кон зелена инфраструктура, смета Дејвид Нојхаузер, основач и генерален директор на американскиот хеџ фонд Ливермор Партнерс.

„Мислам дека бакарот е ‘нова нафта’ и во следните пет до десет години ќе има неверојатни изгледи со потенцијал да достигне до 20.000 долари по тон“, вели Нојхаузер за Си-Ен-Би-Си.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This