БАКРАЧЕСКИ СЕ РАСФРЛАЛ СО ПАРИ ОД БУЏЕТОТ: Плаќал медиуми – неверојатни 1.9 милиони денари за портал кој ретко кој го знае!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тринаесетта година по ред Општина Охрид работи со блокирана сметка, но тоа не било пречка претходниот градоначалник Никола Бакрачески со години од општинската каса да плаќа услуги на фирми за што охриѓани му забележуваат дека биле на негови блиски пријатели. Иако законот пропишува во услови на блокирана сметка да се троши само за вршење на основните задачи, Охрид трошел за промотивни видеа за туристичка понуда и за објавување огласи и информации во медиуми.

Парите му биле исплатени на Љупчо Таневски, сопственик на „Мегастар продукција“ ДООЕЛ Охрид и „ЛТ трејд“, кој во исто време е сопственик и на порталот „Охрид 1“. Во рок од пет години, односно од 2013 година до 2017 година, на Таневски Општина Охрид му исплатила 1.989.560 денари или 32.350 евра. Ако оваа сума се подели по месеци, излегува дека цели пет години Општината месечно му исплаќала по речиси 540 евра на Таневски, пишува Макфакс.

Сегашниот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски, вели дека го чека извештајот од ревизијата на финансиското работење во Општината за да иницира постапки против евентуално незаконско трошење пари од сметката.

„И во услови на блокирана сметка се можни законски плаќања од сметката. Судот ни утврдува лимит во чии рамки може да се трошат општинските пари, а сè друго оди за отплата на долговите. Тоа е начин со заобиколување на долгот за да функционира Општината. Ние направивме длабинска анализа на трошењата во Охрид и не е исклучена можноста да иницираме постапки за барање одговорност за недомаќинско трошење. Ревизорите ја завршија работата овде, чекаме извештај за да ги утврдиме следните чекори“, вели градоначалникот Стојаноски за Макфакс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This