БАЛКАНОТ НЕ Е СПРЕМЕН ЗА ИЗБОРИ: Грците против предвремени избори, Мицотакис во убедливо водство пред Ципрас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економијата за четири од десет Грци е најважниот проблем за земјата, пред епидемијата; 84 отсто од граѓаните се против предвремени парламентарни избори; Владата добива негативна оцена за македонското прашање; 64 проценти сметаат дека земјата оди во правилна насока, владејачката Нова демократија е во предност од речиси 20 проценти пред СИРИЗА, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysi“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

За разлика од анкетата направена минатиот месец, кога епидемијата беше најважниот проблем за граѓаните, сега за 41 отсто од анкетираните е економијата, а потоа, за двајца од десет испитаници е Ковид-19. Следи невработеноста (14 отсто) и бегалското/миграциското прашање (седум отсто).

Против предвремени парламентарни избори се 84 отсто од анкетираните, а 64 проценти сметаат дека земјата оди во правилна насока.

Над шест од десет анкетирани (63 отсто) ја оценуваат позитивно работата на Владата, додека пак 69 проценти имаат негативен став за позицијата на СИРИЗА како главна опозициска партија.

Во однос на впечатоците на анкетираните за работата на Владата, позитивна е оцената за управувањето со новиот коронавирус , дигиталната трансформација на земјата, криминалот, за грчко – турските односи, културата, животната средина и даночната политика.

Најмалку позитивни впечатоци за работата на Владата, испитаниците имаат за македонското прашање (34 отсто позитивни, 46 проценти негативни), а во истата група, со негативна оцена се и работните односи, миграциското прашање и економијата.

На прашањето: „Ако в недела се одржат избори, за кого би гласале?“, Нова демократија добива 40,3 отсто, а СИРИЗА, 20,9 проценти. Потоа следуваат Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, е најпопуларен меѓу лидерите на политичките партии со 67 отсто позитивно мислење од граѓаните.

Останатите претседатели на партиите добиваат повеќе негативни, отколку позитивни поени.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Metron Analysi“ за грчката телевизија „Мега“ било спроведено од 22 до 27 мај 2020 година, преку телефонски интервјуа во кои биле вклучени 1.201 граѓанин со право на глас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This