БАЛКАНОТ СТРАВУВА: Косовската војска лесно може да ги потпали Македонија и југот на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Драѓишиќ, професор и експерт по безбедност од Србија, за Телеграф.мк објаснува дека формирањето косовска војска е дамнешна желба на властите во Приштина, но оти тоа е спротивно на Резолуцијата 1244.

kosovske_bezbednosne_snage

Формирањето косовска војска ќе долее масло на и онака зовриениот Балкан. Тоа само ќе ги охрабри радикалните структури од некогашната УЧК дека сега е моментот за конечно „ослободување“ на Косово од Србите, а следен чекор би бил реонот на Прешево и секако Македонија. Затоа, во никој случај Западот не смее да им исполни уште една желба на властите во Приштина.

Зоран Драѓишиќ, професор и експерт по безбедност од Србија, вели дека формирањето косовска војска е дамнешна желба на властите во Приштина. Со тоа целосно би се заокружила косовската независност и суверинитетот бидејќи за една држава да биде самостојна, многу е важно да има своја војска.

– Полиција може да има и протекторат, но со создавањето војска тој проект на финализирање на државноста би бил целосен. Во овој момент властите во Косово немаат апсолутно никаква поддршка за формирање војска ниту од НАТО ниту од Европската Унија. Србите на Косово со право стравуваат за нивната безбедност. Формирањето војска сериозно ќе влијае врз безбедноста на регионот, како на Косово така и во Македонија. Според Резолуцијата 1244, не е предвидено Косово да има војска. Дозволени се безбедносни сили, но тоа ни оддалеку не е војска. Се надевам дека тоа нема да се случи. Косовскиот претседател Хашим Тачи ќе се обиде реформирањето на безбедносните сили да го претстави како формирање косовска војска – објаснува Драгишиќ за Телеграф.мк.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, од кого потекна иницијатива за формирање косовска војска, е разочаран што не ја доби поддршката од НАТО и од Европската Унија. Западот смета дека доколку Косово добие војска, тоа ќе го дестабилизира Балканот и дека оваа држава сѐ уште не е подготвена за такво нешто.

Од прогласувањето на независноста во 2008 година, Косово има ограничен суверенитет и за безбедноста и за контролата на границите се грижат силите на КФОР и ЕУЛЕКС. Тие и физички го чуваат српското население во Митровица на мостот кој го дели градот на јужен албански и северен српски.

На тоа предупреди дури и претседателот на Уставниот суд, кој предупреди дека таквата трансформација не може да се направи со нов закон, туку со промена на Уставот, а згора на тоа е спротивно на резолуцијата 1244.

Косовските безбедносни сили се официјална вооружена сила на Косово под директна контрола на КФОР. Главна задача им е заштита на цивилното население, спасувачки акции, гаснење пожари, отстранување на експлозивни направи и сл. Формирани се во 2008 година и имаат само лесно вооружување и бројат 2.500 активни војници и 800 резервисти.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This