БАЛКАНСКА ПАРОДИЈА: Нобелова награда за – НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Номинација за Нобелова награда за мир претставува дел од предизборната кампања на Зоран Заев за претседател на Македонија, оценуваат експертите

Имено, поради „решавање“ на тридеценискиот спор во врска со името Македонија, премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019.година.

Номинацијата во Скопје ја објави добитничката на Нобелова награда за мир Уидед Бушамауи, а таа идеја ја иницирале бившиот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин, грчкиот европратеник од владејачката Сириза Стелиос Колугул и македонскиот новинар Бранко Тричковски – човек кој важи за перо на власта.

Според Александар Раковиќ историчар од Србија, и Александар Даштевски професор од Македонија за Спутник, се едногласи во оценката дека таа престижна награда, речиси сигурно нема да отиде во рацете на Заев и Ципрас.

Според зборовите на Даштевски, таа номинација претставува само пиар, односно реклама за шефот на владата во Скопје.

„Нема основа да им се додели награда за мир, со обзир на тоа дека во преговорите помеѓу Грција и Македонија се работеше за решавање на билатерални односи на две држави, односно спор во врска со името на Македонија. Значи, се решаваше дваесет работи кои треба Македонија да ги исполни и само една која треба да ја исполни Грција – да не го блокира приемот на Македонија во ЕУ и НАТО, што е веќе предвидено со договорот од ОН во 1995. година. Сигурен сум дека Нобеловата награда ќе биде доделена на некој што ја заслужува, а ова е само пропаганда за граѓаните на Македонија кои се против договорот со Атина, да кажам, да се насмеат“, оценува Даштевски за Спутник.

Сличен став има и историчарот Александар Раковиќ. Тој номинацијата на македонскиот премиер за Нобелова награда ја гледа како продолжение на „монтипајтовското“ сценарио кои го гледаме уште од влезот на Црна Гора во НАТО, преку соборување на ВМРО-ДПМНЕ од власт, до референдумот во Македонија кој доживеа фијаско, а е прифатен како ремек дело на Западот во Македонија.

„Нема ништо од таа награда, бидејќи тука припаѓаат луѓе кои се сериозни и ова едноставно не можат да го прифатат. Не затоа што тие не можат да бидат уценети наградата да им ја дадат на Заев и Ципрас, туку поради тоа што дури и за оние главни ментори во Вашингтон би било многу гротескно. Ова е само предизборна кампања на Заев која, евидентно, е во тек“, вели Раковиќ.

Александар Даштевски исто така смета дека таа номинација треба да му помогне на Зоран Заев во кандидатурата за претседател на држава на претстојните избори и тој, како и историчарот Раковиќ, нема дилема околу тоа дека Заев на тие избори, ќе победи.

На прашањето дали е симптоматично тоа што иницијатор на идејата на Заев да му се додели Нобеловата награда токму бившиот амбасадор на Македонија во НАТО, како и дали тоа на некој начин е додатен поттик за шефот на владата земјата да ја воведе во Алијансата, Даштевски вели дека Нано Ружин е припадник на владејачката партија и дека номинацијата за Заев ја форсира од личен интерес, во надеж дека ќе добие некое амбасадорско место.

Александар Раковиќ се сомнева дека во таа иницијатива се вклучени и клучни луѓе од Северноатлантскиот сојуз.

„Нема да бидеме наивни и да веруваме дека Ружин тоа сам го направил, но претпоставувам дека, да кажеме, некој седми секретар во НАТО онака попатно му сугерирал на бившиот амабсадор дека тоа би било доста важно. Ружин очигледно тоа го сфатил како задача и ете номинација“, оценува Раковиќ.

Како што напоменува, Македонија тргнала по пат кој е трновит, искривен и води во длабока криза во која можеби, доколку нема долгорочни решенија, Македоницте ќе прифатат или дури и сами ќе иницираат поделба на земјата.

„Не сакам да бидам претскажувач на некои фатални случувања по самата држава, но логичниот крај на сето ова, а знаеме дека на тоа се работи, тоа е Тиранската платформа, е федералзиација на Македонија, односно правење на двонационална држава. Можеби ќе дојде ситуација за македонскиот народ да е подобра опција федералзиација во физичка и фактичка смисла, отколку двонационалноста да биде протната низ квазиунитарност, каде всушност Албанците ќе одлучуваат за сѐ“, уверен е Раковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This