Експлозивна направа е пронајдена во понеделникот во поштенско сандаче пред куќата на Џорџ Сорос во округот Вестчестер во Њујорк, наведуваат медиумите повикувајќи се на локалните вести
Според наодите на медиумите, бомбата била деактивирана од локалната полиција, пред да експлодира.
„Вработените во резиденцијата го отвориле пакетот и го пронашле експлозивниот уред. Пакетот бил одложен во блиската шума и била повикана полиција“, наведува локалната полициска станица во соопштение.
We are conducting an investigation at and around a residence in Bedford, NY. There is no threat to public safety, and we have no further comment at this time.
— FBI New York (@NewYorkFBI) October 23, 2018
ФБИ во ЊУјорк на Твитер соопшти дека води истрага, и дека „во резиденцијата се е ок“.
Сорос, Американски милијардер со унгарско потекло кој богатството го стекна преку инвестициски фондови и берзански шпекулации, донираше огромни суми на пари во развој на либералните вредности. Дел од неговите активности во последните неколку години, меѓудругото беа сконцентрирани и во Македонија, каде со помош на американскиот амбасадор предизвикаа политичка криза која веќе четири години ја тресе државата.