БАЛКО ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА: Љупчо Балковски од партијата на Љубчо Георгиевски ќе зема 90.000 денари плата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Балковски, генерален секретар на ВМРО-НП која е под раководната палка на екс премиерот Љубчо Георгиевски пред една недела е поставен за нов раководител на Проектната единица на Банката на Советот на Европа, потврди за „Фокус“, министерот за здравство Венко Филипче. Балковски по професија е архитект.

Тој доаѓа на местото на досегашниот раководител Јован Грповски, кој беше еден од најблиските соработници на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Грповски на ова место беше повеќе од три години и земаше плата од 2.500 евра, но како што тврди Филипче, платите сега се намалени.

– Раководителот сега зема 90.000 денари, а другите земаат помалку. Одлучивме платите да се намалат затоа што се работеше за огромни суми на пари. Инаку, Грповски е сменет, но се уште работи таму – вели министерот за здравство.

Преку оваа банка во здравството се земаат сите кредити за изградба и реконструкција на болници. Седиштето на Проектната единица е лоцирано во близина на поранешната кафана Галија. Според информациите на „Фокус“, за кирија се плаќа околу 3.000 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This