БАНДАТА БАРА НАЧИН ДА ГО ОБЈАВИ ЗАКОНОТ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК: Дарко Јаневски предупредува на можност од пуч од страна на Џафери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По најавата на Претседателот на државата дека нема да го потпише указот за прогласување на законот за двојазичност, користејќи го т.н. механизам на „џебно вето“, СДСМ и ДУИ бараат начин како да го изиграат системот и да го направат законот правосилен

 

Новинарот и екс-уредник на Дневник Дарко Јаневски, на својот ФБ профил напиша кратка анализа за тоа како отприлика би можеле да се одигруваат фазите за прогласување на законот без потпис од претседателот на државата.

Меѓу другото Јаневски предупредува на можноста Џафери да направи пуч, превземајќи ги ингеренциите на Претседател на државата со двојно потпишување на указот за двојазичноста.

„Бандата сега бара начин како да го објави законот во Сл весник без потпис на Иванов. Една од варијантите им е Талат два пати да го потпише Указот, како што тоа еднаш го стори Тито Петковски во 1996 година со тогашниот Закон за знамињата. Но за двојното потпишување на указ за прогласување на некој закон а токму поради тој случај од 1996 година веќе постои одлука на Уставниот суд која не му дава можност на Талат да го стори истото. Се разбира, без оглед на тоа, тој сепак може да се одважи да го направи тоа, но поаѓајќи од ноторниот факт дека Иванов со ништо не е спречен да го потпише Указот (или да одбие тоа да го стори) со тој чин Талат фактички би презел надлежности на претседателот на државата, односно би извршил пуч. Тоа се разбира повлекува кривична одговорност, ако не сега, некој друг ден Но ако за осговорноста на Талат би требало да се почека, нема никаква пречка за итна одговорност сите други кои учествувале во тоа (од службите во Собранието и одговорниот во Сл весник) кои не ги штити имунитетот. Така што ситуацијата за сите нив воопшто не е наивна. Се мислам дека многу од нив еден ден ќе имаат можност да ја видат Шутка одвнатре.
Инаку бесот на бандата произлегува од фактот што нивната идеја беше да помине законот, па потоа кој сака нека си е…. матер со Уставниот суд. Сега Иванов нив ги стави во таква ситуација – они нека си е… матер со импичменти и Судот.
Се разбира им останува и варијантата која најверојатно ќе ја применат а тоа е да го применуваат законот на диво.“ – пишува Јаневски на својот ФБ профил.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=173543650118582&id=100023888444058

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This