БАРАЛ 180.000 ЕВРА ОД ИСИС: Мигрант од Сирија приведен во Германија – барал 180.000 евра финансирање од ИСИС за терористички напади!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириски мигрант е приведен во Германија под сомнение дека барал пари од ИСИС за да купи и да постави стапици со цел убивање што поголем број „не-Муслимани“ во „Германија, Франција, Белгија и Холандија“, велат Германските власти

germanska_policija

38.годишниот маж бил приведен во саботата од страна на Германските специјални сили во неговиот стан во Саарбрукен во федералната држава Саарланд. Официјална потврда за операцијата и дополнителни детали беа изложени дури во понеделникот.

Според канцеларијата на Јавнот обвинител, мажот се наоѓа во пртивор и се сомничи дека контактирал со ИСИС, преку лице за кое знаел дека е во можност да обезбеди финансии од терористичката група со цел финансирање на актите низ Европа. Мигрантот побарал од контактот на ИСИС да му обезбеи 180.000 евра кои потоа би ги употребил за да купи возила, кои планирал да ги искористи како стапици полни со експлозив, се вели во соопштение на Јавното обвинителство на Германија.

Мигрантот планирал да купи осум возила – 22.500 евра секое – да ги наполни со експлозив и преку далечински управувач да ги детонира „убивајќи голем број на не-Муслимани“. Тој рекол дека планирал да купи 400-500 килограми експлозив по автомобил. Јавниот обвинител вели дека причините за приведување се основани на база на разговор кој го имал мигрантот преку мобилната апликација „Телеграм“, која била пронајдена во телефонот на осомничениот.

Мигрантот во Германија влегол во 2014 година откако пополнил барање за азил, и добил привремена дозвола за престој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This