April 19, 2024, 10:15 am

БАРАЈТЕ АЛТЕРНАТИВНА РУТА: Во следните два дена привремен сообраќаен режим на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ утре и задутре ќе се воведе привремен сообраќаен режим поради изведување работи на патот, соопшти Град Скопје.

Ќе се асфалтираат двете леви сообраќајни ленти на булеварот (од страната на паркот во Чаир), на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“.

Поради тоа ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива по двете десни ленти на коловозот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на оваа делница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This