БАРАЊЕТО НА ДУИ ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ – ЛАЖНО: Села го повика Ахмети да се охрабри и да поддржи предвремени парламентарни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијансата за Албанците ја поздравува едногласната одлука на ДУИ да се натпреварува со свој кандидат на претстојните претседателски избори и истовремено ја охрабрува партијата да го прифати предизвикот за парламентарни избори.

„Посакуваме кандидатот за претседател од редовите на ДУИ да биде Албанец.

Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и пpeзиp кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат, денес со СДСМ, вчера со ВМРО-ДПМНЕ.

Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села упатен јавно преку медиумите, за соочување со ДУИ.

Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот, т.е. распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските”, се вели во соопштението на Алијансара за Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This