БАРА ПРИДРУЖНИЧКА ЗА ЛЕТ НА МЕСЕЧИНАТА: Јапонски милионер го дефинира својот проект во потрага по жена за брак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонскиот милијардер и плејбој Јусуку Маезава објави конкурс за девојки кои би сакале да го придружуваат на патување кон Месечината и во меѓувреме да се омажат за него. Маезава го објави ексцентричното соопштение на својот профил на Твитер.

Бизнисменот го дефинира својот проект во потрага по жена за „брак за сериозна врска“, објаснувајќи во својот пост дека неговиот долгогодишен сон е да патува во вселената.

„На ова посебно место – Месечината, мора да одите со специјална личност. Преку овој проект, исто така сакам да најдам партнерка во животот. Се распишува конкурс за девојки кои би сакале да се вклучат во активностите со Маезава во корист на луѓето и општеството“, се вели во соопштението од милијардерската компанија.

Дамите кои аплицираат на натпреварот мора да бидат самохрани и немажени, на возраст над 20 години, да бидат позитивни и весели. Покрај тоа, тие мора да бидат подготвени сериозно да започнат со подготовките за летот. Тие мора да имаат позитивен став во нивните животи, да можат слободно да го искажат своето мислење на Маезава и да размислуваат за тоа како може да се случи мирот во светот. Натпреварот ќе трае до 17 јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This