Барди доаѓа во Милан како замена за Чалханоглу!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Енис Барди е името кое се поврзува со трансфер во Милан, за пополнување на празнината која во средниот ред ја остави Хакан Чалханоглу.

Македонскиот фудбалер неодамна се врати на тренинзите со Леванте. Меѓутоа од порано е познато дека шпанскиот клуб размислува да го продаде, со цел да ја наполни касата и да ја намали кризата.

Вредноста на 26-годишникот според „Трансфермаркт“ изнесува 15 милиони евра. Тоа ќе биде финансиска инјекција која шпанскиот прволигаш ќе ја прифати со две раце.

Изминатата сезона Барди постигна само еден гол и запиша две асистенции на 26 настапи во Примера. Меѓутоа и покрај лошата статистика, придонесе со своите квалитети и лидерски способности, што е причина за овој интерес од италијанскиот гигант.

Неговиот договор со Леванте истекува наредното лето, па клубот ризикува да го загуби без никакво обештетување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This