БАРСЕЛОНА ГО ПРЕТСТАВИ СВОЕТО ПРВ ЗАСИЛУВАЊЕ: Бекот на Валенсија потпиша за Барселона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот во шпанската Примера, Барселона пред неколку денови објави дека е постигнат договор со Валенсија за ангажман на Џејсон Мурилјо, но дефанзивецот дури денеска ја имаше својата официјална промоција на „Камп Ноу“.

Колумбиецот беше претставен пред јавноста со дресот на каталонците, дресот со број 17 кој последен го носеше Пако Алкасер кој сега е дел од Борусија Дортмунд. Мурилјо не го криеше задоволството и можноста што ќе може да игра за Барселона, па во своето прво официјално обраќање порача:

-Сакам да му се заблагодарм на клубот што ми даде шанса да дојдам. Чувствувам како Господ да ми ја отворил најголемата врата во светот на фудбалот. Моето семејство е среќно и тоа е најважна работа. Ќе дадам се од себе за да тренерот може да смета на мене, -рече Џејсон кој се надева дека со своето залагање, партии ќе ја убеди Барселона да го откупи неговиот договор по крајот на оваа сезона.

-Скогаш мојот сон бил да го облечам овој дрес. Сега станува реалност, ама се ќе зависи од тоа што се случува на теренот-таму ќе морам да се докажам. Знаеме што значи Барса и се надевам ќе имам доволно време за да покажам за што сум способен. Многу сум среќен што можам дa го носам овој дрес.. Отсекогаш сакав да играм привлечен фудбал. Јас сум чесна личност и се надевам дека можам да придонесам за тимот, да помогнем да се остварат целите на клубот, -заклучи Мурилјо.

Извор: Дерби.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This