БАСТИОНИТЕ НА УЧК ГЛАСАА ЗА СДСМ: Најсилните бази на УЧК во Македонија масовно гласаа за Зоран Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските гласови кои СДСМ ги доби на овие избори, и после кои СДСМ е втора албанска партија веднаш зад ДУИ, се во општините и местата каде што најмногу беа активни УЧК во војната во 2001 година. Токму во местата кои се база на УЧК во 2001 СДСМ е победник, со повеќе гласови и од ДУИ, и од ДПА или Беса, иако е сосема сигурно дека во тие места СДСМ нема свои активисти ниту организации.

zaev_ambasada_Usa_uck

 

Изборите кои тукушто завршија беа позитивно оценети од домашните учесници како и од меѓународната заедница. Но, зад процедурите и организацијата стојат бројки кои имаат свое јасно значење и политички пораки.

Пораките се дека речиси три години наназад во Македонија се врши политички инженеринг со намера да се смени власт, а со цели кои јасно ги кажуваат СДСМ и албанската партија Беса – тоа е двојазичност, кантонизација и итна промена на уставното име по што би требало да следат преговори за влез во НАТО и Европската Унија. Потенцираме, преговори за влез, а не и влез на Македонија во Европската Унија и НАТО откако само заради преговорите треба да се смени етничкиот карактер на државата, да се откажеме од нацијата, јазикот и Уставот на државата.

Ние треба да се откажеме од се за да добиеме преговори без гаранција за резултатот од преговорите.

Првиот обид е промена на власта и давање на владеењето во рацете на СДСМ без избори, по насилен пат. Зоран Заев, за таа цел, кон крајот на 2014 имаше неколку средби со премиерот Никола Груевски, кои се снимени со посебни судски мерки, на кои врши уцена – Груевски и ВМРО сами да се повлечат од власта, во спротивно СДСМ ќе организира протести и демонстрации и ќе објавува незаконски стекнати туѓи телефонски разговори за компромитација на претставници на владата, создавање немири во државата и агресивна атмосфера, која според него ќе доведе до насилна промена на власта. Откако беше одбиен, Заев со СДСМ и активисти на фондацијата Сорос, тоа навистина и го правеше во текот на целата 2015 година, но без успех.

Уште тогаш. Со доаѓање на демонстранти од Косово во Скопје, како и терористичката акција на косовари во Куманово, беше видно дека Заев и СДСМ соработуваат со политичкото подземје од Косово со иста цел – насилно уривање на власта и спроведување агенда за уривање на институциите.

Нападот на СДСМ, соросоидите и косовското подземје беше и врз ВМРО-ДПМЕН но, и врз ДУИ. Јавно се објавуваа закани по живот за Груевски и Али Ахмети и нивните соработници, како што јавно и се пуштаа монтирани телефонски разговори за двете целни групи.

Во целиот тој период се развиваа активности на движењето Беса, кое во основа е исламско движење кое прибира радикални исламисти кои ги освојуваа џамиите низ Скопје, и создаваа конфликти со Исламската верска заедница и приврзаници на ДУИ во Скопје, и други општини.

Изборите кои завршија ја докажуваат тезата за тесна соработка на СДСМ со исламските радикали и косовското политичко подземје. Албанските гласови кои СДСМ ги доби на овие избори, и после кои СДСМ е втора албанска партија веднаш зад ДУИ, се во општините и местата каде што најмногу беа активни УЧК во војната во 2001 година. Токму во местата кои се база на УЧК во 2001 СДСМ е победник, со повеќе гласови и од ДУИ, и од ДПА или Беса, иако е сосема сигурно дека во тие места СДСМ нема свои активисти ниту организации.

Во Арачиново, СДСМ освоиле 2.052 гласови, многу повеќе од ДУИ, кои освоиле 1.456 или Беса со само 794 гласови. Со ова, во најголемата база на УЧК – Арачиново, СДСМ е доминантна албанска партија.

И во Сарај СДСМ е голема албанска партија со освоени 2.973 гласови, наспроти 1.432 на ДПА и речиси еднаква поддршка со Беса која таму освоила 3.300 гласови.

Студеничани, каде што речиси да немало избори без насилства и пукање, овој пат гласаше мирно и изгласа дека СДСМ е албански избор на Студеничани со освоени 2.515 гласови За СДСМ, наспроти Беса со 2.024 и ДУИ со само 1.244 гласови.

Во Липково, една од главните бази на УЧК, СДСМ освоиле 773 гласа, наспроти само 9 гласови за ВМРО -ДПМНЕ.

Во Чаир, општина која е база на Беса и исламските радикали, и каде што демонстранти од Косово јавно бараа насилно уривање на владата, СДСМ е апсолутен победник со освоени 4.299 гласови, пред Беса со 3.183 и ДУИ со 2645 гласови.

За СДСМ во шокантни броеви се гласало и во другите познати бази на УЧК како Брест, Гошинце или Слупчане, населби блиску до Косово во кои гласачи се носени од Косово и од таму се менаџирало гласањето. За СДСМ гласаа и во кумановско Диво Насеље, место на кое се случи терористичката акција од страна на Косовари, и во која загинаа 8 полицајци, а 30 беа ранети и повредени.

Анализата на бројките покажува дека најмалку 8 пратеници СДСМ добиле со албански гласови од гласачи кои никогаш порано не гласале за нив, и тоа во места блиску до границата со Косово и бази на УЧК од војната во 2001 година, што јасно покажува која е политиката на СДСМ и кон какви подземни политички групи имаа преземено обврски, и што треба да спроведе.

И покрај се што видовме, ВМРО-ПМНЕ нема одлив на гласачи, ги освои очекуваните над 450.000 гласови кои ги добива уште од референдумот во 2004 година, и сите избори потоа.

Македонците во најголем дел не гласаа за СДСМ. Дури и со над 50.000 албански гласови Заев не успеа да го оствари најдобриот резултат на СДСМ, кој го имаше таа партија со Црвенковски, на изборите во 2002 година, кога СДСМ без политичкото подземје од Косово освои 497.000 гласови.

 

Вечер.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This