БАШИБОЗУК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА: Пари се делеле и на здруженија кои се формирале по завршување на конкурсот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалите по кои се доделувани средства од министерството за култура преку Годишната програма не сопираат.

-Меѓу оние здруженија кои добиле најмногу пари се наоѓа и „Drita AVG“ со седиште во селото Беловиште во Гостивар. Вкупно 960 илјади денари од годишната програма се предвидени за поддршка во реализацијата на три проекти на здружението, меѓу кои и за „промовирање на традицијата на албанскиот сунет во Македонија“, пишува Коха.

Концентрацијата на фондовите од Министерството за култура и нивната неправилна распределба на институциите, здруженијата и други уметници, се отсликува и во други случаи од различни области, како музика, меѓународна соработка и друго.

Меѓу средствата во годишната програма на Министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес има и такви како„ афирмација на албанската култура преку традицијата на сунетот“, или „гостиварската кујна во Париз“, манифестации од разни здруженија со иста конструкција кои достигнуваат дури до неколку милиони денари.

За ”Drita AVG” со седиште во селото Беловиште во Гостивар доделени се вкупно 960 илјади денари од годишната програма и предвидени за поддршка во реализацијата на три проекти од здружението, меѓу кои и за ” промовирање на традицијата на албанскиот сунет во Македонија”, 500 илјади денари (а побарани се 610 илјади денари). На истото ова здружение доделени му се 310 илјади денари (побарани се 348 илјади денари) за проект за зближување на културата и спојување на младите преку музиката, како и за промовирање на гостиварската кујна во Париз (150 илјади денари), пишува Коха.

Повторно се доаѓа до детали за здруженија формирани по отворање на конкурсот. ”Elizium” исто така според податоците од Централен регистар е уште едно здружение кое е формирано откако започнал конкурсот за проекти во министерството за култура (на 19 октомври 2018). Потоа други две уметничко културни здруженија од Тетово заедно земале 7 милиони денари. „Alegretto“ и „Event“’, кои се формирани со една година разлика една од друга (2011 и 2012) имаат не само неколку заеднички основачи (Африм Фаризи, овластено лице кај „Alegretto“, сопственик на „Event“), туку и исто седиште – во Мала Речица во Тетово. За културно уметничките манифестации, „Alegretto“ земало 3.500.000 денари за фестивалот „Сцена на сериозната албанска музика“, пренесува порталот.

Друг фестивал организира и „Event“ – Фестивал на албанската песна за кој се доделени 3 милиони денари, и овие суми се три пати повисоки од било кој фестивал со ваква дејност. Исто во Тетово, оваа година едно друго здружение, Џезинг арт ќе организира џез фестивал, за кој се доделени милион и 500 илјади денари. Името „Alegretto“ се појавува исто така и во фолклорната дејност, каде е добитник на уште два други проекти со речиси 900 илјади денари. Проектите се формулирани само како Оддржувањена концерт, еден во Тирана (Албанија), и еден во Париз (Франција), за кои се предвидени по 385 илјади денари и 584 илјади денари.

За датумите за регистрација на некои од овие здруженија говорат и тековните состојби од Централниот регистар. Овие се некои од здруженијата кои независно од минатогодишните успеси во реализацијата на активностите, манифестациите и разни настани, ги собрале поголемиот број на фондови за разни активности како и за преставување на земјата дома и во странство.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This