БАЈАТИОТ ЦАЦКО ОД К-15: Популарниот комичар кој се претвори во дворски шут на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бубо Каров, во јавноста познат како Цацко Конопишки од хумористичната „К-15“ пред два дена во дебатна емисија 24 Анализа на 24 Вести, го искористи својот габарит и се претвори во еднакво голем мегафон на СДСМ. Не е ништо ново Каров да се стави во функција на СДСМ. Тој и пред две години во време кога Заев ги рецитираше бомбите, протестираше пред МРТВ во протестите иницирани од СДСМ, не барајќи го загубениот смисол за хумор, туку слобода и демократија – иако од некои работи Каров има поголема потреба.

cacko24

Како прваче на училишна претстава, Бубо Каров на 24 Вести ја рецитираше песничката која Заев му ја кажал, а тој наизуст ја научил:

– Има ли по пародична ситуација од тоа да се пуштат снимени разговори на телевизија и како аудио снимки и да го убедуваш народот дека тие снимки се снимени, монтирани, лепени, сечени, уште да земе огледало некој и да го стави овака, да искочи пред луѓето и да рече овој во огледалото не сум јас.

Рецитираше првачето, кое некогаш беше хуморист со голема публика, која ја замени поклоништво пред „големиот лидер“ Заев.

Комично е и кога Цацко од К-15 зборува за измислените бомби од Заев и се восхитува, а патем гледајќи низ диоптријата на црпнатиот, не успеал да ги види првите соработници на неговиот идол, кои повикуваа на граѓанска војна. Кога не би било трагично, сигурно би биле комични и „скечовите“ на кои се гледа и слуша како Заев бара по едно евро за црквата, а едно за Вицето, како поткуп за работа која како градоначалник е должен да ја заврши.

Трагично е и тоа што, комичарот Каров сатирично по препораките на Жбогар не ја исмеа и сеалбанската платформа, кантонизацијата и двојазичноста во неговото родно Кавадарци. Можеби и би направил некоја шега, ако не му било забрането.

Не го слушнавме Цацко од К-15, како се обидува да пронајде логика во сатирично-трагичниот скеч на Заев како фрла презервативи полни со боја врз институциите во кои сака да ја инсталира својата сепаритистичка власт.

Јавноста остана покуса и за многу скечови, па не можеше да види како Бубо Каров со неговата сатира го доловува моментот како Заев на 31 Декември ќе се договорел за изборите на 11 Декември, па за жал не го видовме ни скечот со Заев кој измисли нова величина во SI системот па дождот го измери во литри на секунда ( l/s) па се предомисли па го премери и во кубни метри на час (м3/h), изјава по која Заев сигурно бил побаран од најголемите умови на денешницата на полето на Физиката, да го консултираат како да го мерат волуменот и количината на водата.

За жал јавноста беше осудена да апстинира од хуморот на Бубо, кој наместо со хумор повеќе сака да се занимава со политика.

Некои велат дека е тоа така затоа што помина времето кога тој и екипата имаа ем добар хумор, ем добри врски со политиката. Некои пак велат дека е само затоа што хуморот им станал бајат. Но, дури и бајатиот хумор сервиран како „фчерашна новост“ има цена – тоа го знаат и во Телма и во УСАИД.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This