Бајден влезе во „вojна“ со феминистките кои го обвинија за „бришење на жените“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првиот ден од неговиот мандат, новиот американски претседател Во Бајден „завојува“ со радикалните феминистки, кои го обвинија за „бришење на жените“. Причината е неговата одлука за родова еднаквост, која исто така им овозможува на мажите кои се декларираат како жени да користат женски простории, како што се безбедни куќи, тоалети, затвори …

Меѓу извршните решенија што Бајден ги потпиша на првиот ден од власта е и онаа со наслов „Спречување и борба против дискриминацијата врз основа на родов идентитет и сексуална ориентација“.

Одлуката во принцип забранува дискриминација и повикува на еднаков третман, без оглед на родовиот идентитет на една личност или сексуалната ориентација и им наложува на државните агенции да воспостават правила за спречување на дискриминација во рок од 100 дена, заедно со државниот обвинител.

Некои од радикалните феминистички организации, како што е Фронтот за ослободување на жените, се побунија против тоа. Иако нема конкретни примери во самата одлука за тоа како ќе изгледа спречувањето на дискриминацијата врз основа на родовиот идентитет, феминистичките организации ја толкуваат како закана за правата на жените.

Така, тие наведуваат дека четири милиони жени, вработени во федералните институции, ќе мора да се соочат со можноста мажите да го загрозат нивниот приватен простор, како што се тоалетите или соблекувалните, само доколку се изјаснат како жени или трансродови лица. Како што подвлекуваат, тоа особено ќе ги загрози оние кои се религиозни и не се навикнати на таков третман, што го загрозува Првиот амандман на Уставот на САД.

Исто така, како што објаснуваат, ќе бидат загрозени жените жртви на насилство кои нашле засолниште во безбедни куќи. Така, безбедните куќи, кои имаат заеднички простории, ќе мора да прифатат и мажи кои се декларираат како жени или како трансродови лица, што може да ја загрози безбедноста на жените жртви на насилство.

Слично е, велат тие во оваа феминистичка организација, со затвори за жени, каде може да се случи дури и маж осуден за насилство врз жени да заврши во нив, само доколку се декларира како трансродово лице.

Бидејќи одлуката важи и за сите институции кои на некој начин се финансираат од државниот буџет, женскиот спорт исто така ќе биде погоден , пред се на универзитетите, сметаат феминистките. И таму, мажите кои се идентификуваат како жени или трансродови лица ќе имаат пристап до женски установи, како што се соблекувални или тоалети, што феминистките го сметаат за „закана за основните права на жените во САД“.

Феминистките наведуваат дека Бајден на тој начин „ги фрла девојките со децении наназад кога станува збор за нивните права“, и дека на овој начин „ насилните сексуални практики изгледаат нормално“.

„Ова ќе воведе политика што им се заканува на учениците со казни или обвинувања за сексуално насилство доколку во говорот користат заменки за специфични родови. Ова исто така ќе ги охрабри оние кои поттикнуваат радикални промени во наставната програма на часовите за раст и развој на човекот. Тие некогаш биле користени за да ги едуцираат младите за нивните тела, пубертет, секс, сексуално преносливи болести, бременост, а сега тие се претворени во промовирање на квази религиозни убедувања во родово заснована душа што го прави небитен биолошкиоот пол.

Феминистките наведуваат дека ова ја обесправува најголемата група на население, жени и дека станува збор за „напад врз правата на жените и слободата за сите без преседан“, што ќе има „далекусежни последици“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This