Бајден денес пристигнува во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе пристигне во посета на Велика Британија, што е прво негово официјално патување во странство, откако е избран за претседател.

За време на европската турнеја тој ќе има серија состаноци со европските лидери, високи функционери од НАТО, како и средба во Женева со претседателот на Русија Владимир Путин.

Бајден прво ќе го посети приморското село на југозападот на Велика Британија – Корнвол, каде се одржува Самитот на Г-7. Се очекува главна тема на Самитот да биде процесот на вакцинација, корона-кризата, трговијата и климатските промени.

По тридневниот Самит, тој и неговата сопруга, д-р Џил Бајден ќе ја посетат кралицата Елизабета Втора во дворецот Виндзор, а потоа ќе отпатуваат во Брисел на средби со лидерите од НАТО и ЕУ.

Европската турнеја Бајден ќе ја заврши во Женева, каде на 16 јуни ќе има средба со Путин.

Во овој момент на голема гобална неизвесност додека светот сѐ уште се бори со пандемијата моето патување во Европа е желба за обновување на нашата посветеност кон сојузниците и партнерите. Ова патување ќе ја покаже и нашата способност да се соочиме со предизвиците и да ги отстраниме заканите за новите генерации, изјави Бајден за Вашингтом пост пред заминувањето.

„Дали демократските сојузи и институции, кои толку многу го обликуваа претходниот век, ќе покажат отпорност против модерните закани и противници? Верувам – да. Оваа недела во Европа ќе имаме шанса тоа и да го докажеме“, напиша американскиот претседател.

Американските медиуми посочуваат дека патувањето во Европа повеќе има за цел да се испрати порака, отколку да се склучат конкретни договори. Експерти оценуваат дека негов главен приоритет ќе биде да ја убеди јавноста дека неговата политика не е само кратко отстапување од американската надворешна политика која ја водеше неговиот претходник Доналд Трамп, туку дека е истраен во плановите.
Негова желба е да ги убеди европските сојузници да ја поддржат неговата стратегија околу сузбивање на коронавирусот, но и стратегијата на проверка на економските конкуренти како Кина.

Се очекува Бајден и останатите лидери од Г-7 да објават инфраструктурен финансиски план за развој кој е замислен како директен противник на кинескиот план „Појас и пат“.

Што се однесува на средбата во Женева, тој се надева дека ќе успее да го убеди Путин да запре со „провокации“ како што се кибер напади, затворање на опозиционерот Алексеј Навални и новите обиди на Русија за мешање во американските избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This