March 29, 2024, 12:23 am

Бајден за црвените линии на Путин: „Не признавам ничии црвени линии“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не ги прифаќа „црвените линии“ кои ги спомна рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата во Украина.
„Нема да прифатам ничии црвени линии. Долго знаеме за потезите на Русија и очекувам дека ќе имаме долг разговор“, рече Бајден, одговарајќи на новинарско прашање што Америка има намера да направи за да ја спречи руската инвазија на Украина.

Да потсетиме, рускиот претседател кон средината на минатиот месец зборуваше за црвените линии на Русија, а во тој контекст, меѓу другото, го наведе и зголеменото присуство на НАТО во Украина, но и потенцијалниот влез на поранешниот советски република во Алијансата.
Тој наведе и дека стратешки бомбардери опремени со многу сериозно оружје летаат во близина на руските граници, кои, како што рече, поминуваат и одредени граници.

Инаку, како што вчера соопшти Кремљ, претстојниот разговор меѓу Путин и Бајден би можел да се одржи на 7 декември во формат на видео конференција.
Како што подоцна објасни помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, главна тема ќе биде прашањето за проширувањето на НАТО на исток, како и ситуацијата поврзана со распоредувањето на вооружените сили на САД, кои претставуваат закана за Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This