Бајден најава промена на раководството на ЦИА, ова се кандидатите за директорското место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Избраниот демократски претседател Џо Бајден размислува за назначување на Том Донилон, дипломатски ветеран и советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама, за директор на ЦИА, изјавило лице запознаено со ситуацијата.

Позицијата на ЦИА може да биде едно од најпредизвикувачките прашања во администрацијата на Бајден, додека Трамп ја обвинуваше агенцијата дека е дел од заговор на „длабока држава“ за поткопување на неговото владеење.

Политико прв напиша за разгледувањето на изборот на Донилон.

Бајден, кој стапува на функција на 20 јануари, рече и дека размислува за назначување на Мајкл Морел, кој во времето на Обама бил заменик директор и привремен директор на ЦИА.

Бајден, составен дел од тимот за национална безбедност на Обама за време на неговите осум години како потпретседател, тесно би соработувал и со двајцата.

Тој веќе избрал други ветерани од администрацијата на Обама за врвни должности за националната безбедност, вклучително и Антони Блинкен, поранешен заменик државен секретар, за државен секретар и Аврил Хаинс, заменик директор на ЦИА од ерата на Обама, за директор на националното разузнавање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This