Бајден: Остануваат силните врски меѓу Косово и САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, испрати писмо до вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоси Османи, по повод 13-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, во кое тој рече дека силните врски меѓу американскиот народ и граѓаните на Косово би останале.

Писмото на американскиот претседател го дистрибуираше канцеларијата за медиуми на Претседателството на Косово.

„Очекуваме и едвај чекаме да соработуваме со новата влада на патот на Косово кон интеграција во ЕУ. Останува уште многу да се работи за да се постигне нормализирање на односите со Србија, како и да се обезбеди постигнување на конечен договор со меѓусебно признавање“, се вели во писмото на американскиот претседател Вјоси Османи.

Во писмото се наведува и дека Косово има посебно место во семејството Бајден, имајќи предвид дека најстариот син Бо Бајден, кој почина од рак, помина дел од својата кариера во Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This