Бајден пресече: Ако ништо не преземеме, тие ќе не ckpшат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека разговарал телефонски со кинескиот претседател Си Џинпинг два часа.

Тоа беше нивниот прв разговор откако Бајден пристигна во Белата куќа.

„Поминав два часа во телефонски разговор со Си Џинпинг“, рече Бајден.

„Ако ништо не преземеме, тие ќе не скршат“, додаде тој и ја потврди подготвеноста да му се спротивстави на Пекинг.

За време на разговорот, Бајден истакнал дека тој ќе биде многу поостар од Доналд Трамп во однос на прашањата за човековите права и најави релативен континуитет во економските прашања.

Тој исто така се залагаше за попрагматичен пристап кон прашањето за климата, што неговиот претходник го занемари.

Според извештајот на американските власти, Бајден изразил „длабока загриженост“ во врска со репресијата во Хонг Конг, кршењето на човековите права во Ксинџијанг и се повеќе доминантната позиција на Пекинг во регионот, особено кон Тајван.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This