Бајден стави вето на отварањето на доверливите документи за yбиcтвoтo на Kенеди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден го одложи отворањето на доверливите досиеја за атентатот на Џо Кенеди до декември следната година. Како образложение за неотварањето Бајден ја посочи пандемијата на коронавирусот.

Во одлуката Бајден наведува дека преостанатите тајни документи во врска со атентатот на поранешниот американски претседател ќе бидат чувани од јавно објавување до 15 декември следната година, што е речиси 60 години од атентатот во Далас.
Прашањето за националната безбедност
Бајден објаснува дека Националната управа за архиви (НАРА) не може да контактира со сите агенции засегнати од пандемијата на корона вирусот и не може да утврди дали нивното објавување може да влијае на националната безбедност, пренесува RT.
Бајден наведува дека поради тоа, неопходно е привремено одложување за да се заштити од можно оштетување на воената одбрана, разузнавачките операции, спроведувањето на законот или меѓународните односи.
Дел од информациите, врз основа на претходна проценка, ќе бидат објавени во декември годинава, а останатите ќе останат тајна уште една година.

Иако Ли Харви Освалд беше уапсен за атентатот на Кенеди, за два дена подоцна да биде убиен од Џек Руби, ликвидацијата на поранешниот американски претседател останува предмет на бројни теории и сомнежи во заговорот зад атентатот.
Објавувањето е нарачано уште во 1992 година, но не е завршено
Затоа Конгресот во 1992 година донесе одлука дека треба да се објават сите документи поврзани со убиството, со цел јавноста да биде целосно информирана, а многу нивоа на американската администрација сè уште не го сториле тоа целосно.
Досега се објавени околу 250.000 документи поврзани со атентатот на Кенеди, но тие можат да се видат само во просториите на НАРА во Мериленд. Американскиот претседател Џо Бајден нареди тие да бидат дигитализирани и достапни на интернет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This