Бајден: Ќе се Bakцинирам јавно кога Фаучи ќе каже дека е сигурно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го повикал главниот американски инфектолог Ентони Фаучи да продолжи да ја извршува својата работа и да биде главен медицински советник во тимот на новата администрација за борба против Ковид-19.
– Го прашав да остане на истата функција која ја извршувал за последните неколку претседатели и му понудив да биде мој главен медицински советник, како и дел од тимот за борба против коронавирусот, истакна Бајден, кој со новата администрација стапува на должност на 20 јануари. Тој нагласи дека ќе се вакцинира јавно кога Фаучи ќе каже дека вакцината е сигурна. – Важно е да им се објасни на американските граѓани дека е сигурна, изјави идниот претседател на САД. Бајден додаде дека штом ќе ја преземе функцијата ќе издаде уредба за задолжително носење маски во сојузните служби и во јавниот превоз меѓу државите, како што се авионите и автобусите. – Ќе ги замолам граѓаните 100 дена да носат маски. Не засекогаш, туку само 100 дена, нагласи Бајден.
Бајден: Ќе се вакцинирам јавно кога Фаучи ќе каже дека е сигурно | opserver.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This