April 20, 2024, 10:02 am

БЕА „СТОКА“ СЕГА ГИ МОЛИ НА РЕФЕРЕНДУМ: Стево Пендаровски го нарекуваше „стока“ истиот народ кој сега го повикува на референдум!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стево Пендаровски без срам и перде им говори на граѓаните за евроатланска интеграција кога неговите пријатели од Владата на Заев прават невиден грабеж на својот народ и својата нација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Пендаровски ги повика граѓаните да се изјаснат на претстојниот референдум.

„Пендаровски со кој образ му се обраќа на својот народ и го повикува на референдум кога пред 4 години ги нарекуваше стока, а потоа и овци. Од екипата која ја преставува Пендаровски можеме да видиме само неспособност и антидржавно однесување. Единствено за кое се способни организирано да го прават е да вршат манипулирање, лажење и крадење на својот народ и својата држава“, стои во соопштението.

Од опозициската партија посочуваат дека Пендаровски и власта секој ден го слушаат, како што велат, гласното „не“ од народот за нивните погрешни и штетни политики.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This