БЕБЕТО ПРИСТИГНА А КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО УШТЕ КРИЕ: Еден детаљ од кралската палата ги издаде среќните родители 

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информацијата дека Меган Маркл го родила своето прво бебе сѐ уште се крие од јавноста, но сега Кенсингтонската палата дала сигнал кој алудира дека Меган и Хари станале родители.

Имено, во јавното соопштение стои дека принцот Хари во текот на следната недела ќе ја посети Холандија за да склопи официјален договор со Амстердам. Иако не е потврдено, се сомневаат дека војвотката од Сасекс се породила во недела или понеделник и дека токму поради тоа е поместено патувањето на нејзиниот сопруг.

Принцот Хари требало да отпатува во неделата за Холандија и одложувањето на патот се поклопува во договорот дека ќе земе една недела слободна кога ќе му се породи сопругата.

Сомнежите дека Меган се породила дополнително се зголемиле со посетата на кралицата на семејниот дом во кој е сместен младиот кралски брачен пар.

Сѐ уште не постои официјално соопштение дека Меган се породила, но сѐ почнало кога радио водителот Крис Еван во програма во живо рекол: „Изгледа дека бебето пристигна. Некои велат дека не делат минути од доаѓањето на следниот кралски наследник.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This