March 29, 2024, 12:11 am

БЕВМЕ ГОРДИ ШТО НЕ НАРЕКУВАА ЗЕМЈОДЕЛСКА ВЛАДА: Сериозно се однесувавме кон земјоделците, бевме заедно со својот народ и горди сме што нè нарекуваа земјоделска влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјоделството има огромно значење за Република Македонија, пред се од економски, но и социјален карактер со оглед на тоа дека зафаќа голем број на граѓани кои се занимаваат со земјоделство и ја наоѓаат својата егзистенција во вработувањето на земјоделската површина, истакна поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски на денешната панел дискусија на тема „Единствени кои што се вистински партнер на земјоделците“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

-Економско значење заради тоа што од нивната работа, нивниот труд и самата држава има полза, заради тоа што на најдиректен начин се задоволуваат потребите со храна на населението и третиот е финансискиот заради тоа што речиси над 70 проценти од вкупното производство на земјоделство се пласира на надворешни пазари што дополнително ја потврдува важноста за овој сектор кој од година во година се повеќе добива на важност имајќи ги во предвид сите политики кои во изминативе 11 години владата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше во делот на земјоделството, вели Димовски.

Тој додава дека оваа Влада била првата која имала чувство и слух за сите проблеми кои се случуваа во земјоделството по, како што рече, онаа сериозна хаварија во ’90 години кога македонското земјоделство беше упропастено со целосно разрушени земјоделски комбинати, со уништена земјоделска механизација, со уништено достоинство на македонскиот земјоделец и негово изневерување и ставање на маргините во општеството во Република Македонија.

-За разлика од тоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаше сосема подруг однос. Ние целосно се сконцентриравме на интересите на земјоделците и бевме свесни за сите овие елементи. Во изминатиот 11 годишен период вкупното земјоделско производство во Македонија го зголемивме, споредено со 2006 година, на фантастични 820 милиони евра. Вкупниот извоз на македонски земјоделски производи го покачивме на над 600 милиони евра. 2006-та година извозот на македонски земјоделски производи беше околу 242 милиони евра, 2014/15 година над 600 милиони евра. Тоа доволно говори колку Македонија како пазар, со тој број на жители, да може да го апсорбира вкупното земјоделско производство, посочи Димовски.

Поранешниот министер напомена дека дизајнирањето на земјоделските политики бара многу труд, посветеност и работење, со постојано присуство и контакти со земјоделците, посети во земјоделски стопанства.

-За да може да се зголеми земјоделското производство требаше да се спроведат дополнителни политики пред се во распределбата на преостанатото земјоделско земјиште во Македонија кое е околу 200.000 хектари. Во 2006-беа поделени на 412 земјоделски стопантсва над 94.000 хектари. Разликата до 200.000 хектари е она што на нашата Влада и преостана да го распредели правично и правилно на земјоделците. Ние распределивме некаде околу 90.000 хекатри на над 8.900 земјоделски стопанства. Со оваа политика на распределбата на земјоделското земјиште која е дизајнирана по повеќе потпрограми доведе до состојба максимално агресивно да можеме да ги поддржиме македонските земјоделци со финансиската поддршка со земјоделството и руралниот развој, објаснува Димовски.

-Започнавме со скромни 17 милиони евра во 2006-та година со тоа што и оние 5 милиони евра од Владата на СДСМ кои на земјоделците им беа ветени, а не исплатени ги исплативме и од тогаш почна едно рапидно зголемување на вредноста на финансиските средства кои беа во програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за да достигнеме со проектирана цифра од околу 150 милиони евра годишно. Праксата на високоразвиените земји е дека висината на поддршката во земјоделството би требало да изнесува максимум до 6 проценти од вкупниот износ на буџетот. И ние така сериозно се однесувавме и сме горди со тоа дека нè нарекуваа земјоделска влада, бевме заедно со својот народ и искрено им помагавме, заклучува поранешниот министер за земјоделство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This