БЕВ АЛЧЕН ЗА УСПЕХ, БРКАВ ИДЕАЛИ,СТАНАВ УСПЕШЕН, НО НЕ И СРЕЌЕН!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сакав да бидам најдобар и успеав во тоа, но тоа не ме направи среќен… Послушајте ме – доста бркавте совршенство, прифатете си ги маните и уживајте во несовршениот живот.

Дали некогаш сте биле толку опседнати со некоја цел што сте игнорирале сè друго околу вас? Дали некогаш сте се изгубиле себеси во трката по вашите цели?

Јас да.

Гледајте, кога велиме „трка по целите“ звучи како нешто кон кое сите треба да целиме. Но, кога добро ќе размислите за тоа, ќе ја воочите истата работа како и јас.

Еве ја мојата приказна:

Целиот живот ја мерев среќата преку моите успеси. Учев напорно за да имам добри оцени, па да се запишам во добро средно училиште, па на факултет, па да добијам стипендија и на крај да најдам почитувана и доброплатена работа.

И, се разбира, ги сторив сите тие работи. Ја следев масата. Го сторив тоа што морав. Тоа што беше нормално и социјално прифатливо.

Но, знаете што? Не бев среќен.

Некако, иако ги направив сите тие работи кои требаше да ме направат подобра личност и да ми обезбедат успешна и среќна иднина, не се чувствував поинаку. Тоа чувство на среќа и исполнетост кое го чекав, не беше таму. Едноставно се чувствував само ОК.

Па, ги обвинував сите околу мене. Ги обвинував дистракциите. Ги обвинував моите едноставни цели. Дури се убедив себеси дека моите цели не беа доволно големи за да ме направат среќен.

Најлошата работа што ја направив? Ги обвинував луѓето околу мене.

Ми беше потребно многу време, енергија и неколку уништени врски за да разберам дека јас сум единствената личност која е одговорна за сето тоа.

Како можев да бидам толку глупав и да верувам дека среќата е нешто кое доаѓа како награда по постигнувањето на нешто големо?

Среќата немаше ништо со мојата алчна желба за успех. Немаше ништо со моето бркање на бесмислени идеали. И верувајте ми – немаше ништо со постигнувањето на цели за да се чувствувам подобро за себеси.

Кога ќе помислам колку многу време потрошив на бркање на нешто кое ми донесе толку малку, искрено се каам за моите избори. Но, кога мислам каде сум сега, благодарен сум за сè што искусив досега.

Мојата опсесија со среќа направи да заборавам дека единствен начин да ја пронајдам среќата е да нурнам во мојата душа. Ме дистанцираше од луѓето што ги сакав. Ме направи без срце. Ме присили да работам пренапорно за да им покажам на другите за што сум способен и да го добијам нивното одобрување.

Ме направи неспособен да ја забележам убавината околу мене. Направи да не бидам поврзан сам со себе, да бидам постојано зафатен, да бидам заробеник на мојот ум. Направи да страдам.

Мојата опсесија со среќа ме направи несреќен.

Па, еве сум тука, ја споделувам мојата приказна со вас и се надевам дека ќе ви помогнам.

Јас целиот живот бев убеден дека животот е натпревар. Имав потреба да бидам најдобар, најогнен, најуспешен, најбрз. Но, страшно погрешив.

Ако го чувствувате истото, осмелете се да се промените. Не дозволувајте да бидете затвореник на своите цели. Не им давајте да ве истоштат.

Да се работи на своите соништа е прекрасна работа, но едно нешто не смееме да заборавиме притоа – себеси. И што на нашата душа ѝ е потребно за да процвета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This