April 19, 2024, 12:40 pm

БЕДАТА ВО ЛАЖНИОТ СЈАЈ НА ФИЛИПЧЕ: Функција по било која цена, па и по цена самиот себеси да се исплукаш!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За функција па по било која цена, и по цена да се исплукаш самиот себе, од таа точка тргна новиот минсистер за здравство Филипче, па изјави: Се потпишав за реформи на Медицинскиот факултет, не знаејќи дека се работи за контра пленум и за лажни информации, и со тоа се надева дека ќе се заборави дека се буткал по секоја цена за напредување кај поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и еве, сега, треба да го забораиме тоа и да му веруваме на овој човек на неговата лична (а оттаму и лекарска) етика дека со него се е во ред, пишува Вечер.

Човек кој со таква леснотија ќе ги прегази и отфрли своите довчерашни принципи, потпис и ставови, тој ќе прегази и фрли се во иднина. Кознае кој негов следен потпис ќе биде исто така отповикан?

Неврохирургот Венко Филипче, кој е можен кандидат за министер за здравство во владата на Зоран Заев не негира дека бил член на Професорскиот контра пленум, но тврди дека тогаш, во тој период од специјализант бил информиран дека потпишува иницијатива за наводни реформи на Медицинскиот факултет.

 

„Подоцна излезе дека тоа биле лажни информации на некаков контра пленум, што немаше допирна точка со првично презентираните информации. Не сум имал никакви активности, ниту сум бил член на некаков контра пленум, ниту сум се согласувал со таквите ставови. Јас бев и останувам поддржувач на сите демократски промени кои се случуваат и треба да се случуваат во Македонија, вклучително и неопходните реформи во здравството и образованието” – истакна Филипче во изјава за „Фокус”.

Неврохирургот во моментот е советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Неговото име е најактуелно како нов министер за здравствство, откако веќе три месеци министерското столче е празно откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This